News:
Tools
You are here: Home|Activities |Activities 2008
Activities 2008
Божиќен појадок со дипломатските претставници PDF Print E-mail
Thursday, 29 July 2010 15:31
There are no translations available.

18 декември 2008 година, Скопје

По повод Божиќните и новогодишните празници, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија организира празничен појадок со резидентните амбасадори во Република Македонија кој се одржи на 18 декември 2008 година (четврток) во 09.00 часот во хотел Стоунбриџ.

 
Балкан Мозаик Симпозиум PDF Print E-mail
Thursday, 29 July 2010 15:31
There are no translations available.

23 – 26 ноември 2008 година, Белград

Од 23 – 26 ноември 2008 година генералниот секретар на ЕАСМ Билјана Радева зеде учество на координативниот состанок на Балкан Мозаик мрежата кој се одржа во Белград. Целта на овој состанок беше да ги собере на едно место претставниците од сите земји учеснички во форумот за пресек и финализирање на досегашниот успех на проектот, како и насоките за негов натамошен развој.

 
Еднодневна конференција „Заеднички вредности, споделени обврски“ PDF Print E-mail
Thursday, 29 July 2010 15:29
There are no translations available.

21 ноември 2008 година, Скопје

На 21 ноември 2008 година во Скопје, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија и Чешката асоцијација за евро-атлантска соработка, Jagello, организираа еднодневна конференција на која се дискутираше македонско-чешкото пријателство, македонските и чешките искуства од процесот на реформите во одбранбениот сектор, како и напорите на Република Македонија за стекнување со полноправно членство во НАТО.  

 
54-то Генерално Собрание на Светската Атлантска Асоцијација (АТА) PDF Print E-mail
Thursday, 29 July 2010 15:28
There are no translations available.

10 – 12 ноември 2008 година, Берлин

Од 10 -12 ноември 2008 година делегација на Евро-Атлантски Совет на Македонија предводена од претседателот Лазар Еленовски зема учество на 54-то Генерално Собрание на Светската Атлантска Асоцијација (АТА) во Берлин.

 
GAAEC Едукативна програма Euro-Mediterranean Journalism Institute (EMJI) PDF Print E-mail
Thursday, 29 July 2010 15:27
There are no translations available.

16 – 26 октомври 2008 година, Атина

Како резултат на добрата соработка која Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (ЕАСМ) ја развива со Грчката Асоцијација за Атлантска и Европска Соработка (GAAEC), ЕАСМ испрати двајца млади новинари кои добија стипендии да ја посетуваат школата за млади новинари Euro-Mediterranean Journalism Institute (EMJI) во Атина од 18 до 26 Октомври.

 
Трет NATO Partnership Running Festival – Будимпешта PDF Print E-mail
Thursday, 29 July 2010 15:18
There are no translations available.

Во насока на промоција на идеата за заеднички дух и градење на пријателски односи и мостови на партнерство, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија и во 2008 година зеде учество на традиционалниот NATO Partnership Running Festival во организација на NATO PDD кој се одржа на 12-ти октомври во Будимпешта. ЕАСМ испрати група од тројца учесници, Лидија Зорба, Крсте Делевски и Емил Илиќ, познати атлети и искусни маратонци за учество на Третиот NATO Partnership Running Festival.

 
  • «
  •  Start 
  •  Prev 
  •  1 
  •  2 
  •  Next 
  •  End 
  • »


Page 1 of 2

Publication

simulacija5

 

esej5 postisaf berovo
see2mala see cover gardian
freedom strana1 studenska

More...