News:
Tools
You are here: Home|Activities |Activities 2008|Еднодневна конференција „Заеднички вредности, споделени обврски“
Еднодневна конференција „Заеднички вредности, споделени обврски“ PDF Print E-mail
Thursday, 29 July 2010 15:29
There are no translations available.

21 ноември 2008 година, Скопје

На 21 ноември 2008 година во Скопје, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија и Чешката асоцијација за евро-атлантска соработка, Jagello, организираа еднодневна конференција на која се дискутираше македонско-чешкото пријателство, македонските и чешките искуства од процесот на реформите во одбранбениот сектор, како и напорите на Република Македонија за стекнување со полноправно членство во НАТО.  

Како најава на чешкото претседавање со ЕУ во првата половина на 2009 година и како израз на постојаната поддршка на Република Чешка за македонската
евро-атлантска интеграција, Jagello и Евро-Атлантскиот Совет на Македонија како членки на Атлантската Асоцијација заедно го организираа овој настан на кој се обратија министерот за одбрана на  Република Македонија Зоран Коњановски, амбасадорот на Чешка во НАТО Н.Е. Стефан Фуле, амбасадорот на Чешка во Македонија Јозеф Браун, Генерал Јири Седиви, поранешен НГШ на вооружените сили на Чешка и Лазар Еленовски, Претседател на Евро-Атлантски Совет на Македонија, како и останати претставници на државните институции, дипломатскиот кор и невладиниот сектор.

На настанот присуствуваа голем број високи гости како дипломатските претставници во земјава, политичките субјекти, граѓанскиот сектор, студенти и медиуми.

 

Publication

scholl dizajn web