News:
Tools
You are here: Home|Activities |Activities 2008|Балкан Мозаик Симпозиум
Балкан Мозаик Симпозиум PDF Print E-mail
Thursday, 29 July 2010 15:31
There are no translations available.

23 – 26 ноември 2008 година, Белград

Од 23 – 26 ноември 2008 година генералниот секретар на ЕАСМ Билјана Радева зеде учество на координативниот состанок на Балкан Мозаик мрежата кој се одржа во Белград. Целта на овој состанок беше да ги собере на едно место претставниците од сите земји учеснички во форумот за пресек и финализирање на досегашниот успех на проектот, како и насоките за негов натамошен развој.
Од декември 2004, Евро-Атлантскиот Клуб на Македонија е еден од трите координатори на Форумот за безбедност на Централна и Југоисточна Европа кој претставува регионална иницијатива чиј основен состав го претставуваат Атлантските Асоцијации од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Романија, и Србија и Црна Гора со заедничко име Balkan Mosaic, создадена на иницијатива на генералниот секретар на АТА Тролс Фролинг. Основната цел на Форумот е подигнување на безбедносните прашања во регионот на повисоко политичко ниво, создавање наплатформа за регионален дијалог, воспоставување на добри односи во регионот и со евро-атлантските структури, како и создавање на идни лидери во регионот кои би ја превземале политичката одговорност за регионот.

 

Publication

scholl dizajn web