News:
Tools
Делегација од Холандија во посета на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, 29 март 2010 година PDF Print E-mail
Tuesday, 28 July 2009 00:00
There are no translations available.

На 29 март 2010 година делегација на полковници од Кралскиот колеџ за одбрана на Холандија како дел од студиската посета на регионот присуствуваа во Република Македонија. Меѓу средбите кои ги имаше делегацијата беше и средбата со претставниците на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија која се одржа во Домот на АРМ во Скопје.

На средбата со делегацијата на претставниците од одбранбениот сектор на Холандија од страна на ЕАСМ беа потпретседателите на ЕАСМ Влатко Ѓорчев и Исмет Рамадани, Билјана Радева, генерален секретар на ЕАСМ и Даниела Димитриевска, член на Претседателството на ЕАСМ.
На средбата претставниците на ЕАСМ ги известија гостите за активностите кои оваа организација ги презема за имплементација на евро-атлантската идеја и вредности во земјата, и сите активности насочени кон исполнување на нашата мисија – Република Македонија – член на НАТО. Средбата помина во пријатна атмосфера со богата дискусија за повеќе аспекти на НАТО интеграцијата на земјата и пристапот кој ЕАСМ го применува за вклучување на голем број на целни групи во земјата при што води сметка за националниот консензус, и постоењето на економската, етничката и родовата димензија во овој процес.

 

 

Publication

scholl dizajn web