News:
Tools
Потпретседателот Рамадани на конференција во Подгорица PDF Print E-mail
Friday, 01 October 2010 09:12
There are no translations available.

Потпретседателот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (ЕАСМ), Исмет Рамадани зеде учество како излагач на конференцијата „Дијалог за НАТО – заеднички напори за подигање на јавната свест во Црна Гора“ која се одржа во Подгорица, Црна Гора, во периодот од 29 – 30 септември 2010.

Конференцијата ја покриваше темата за имплементација на комуникациската стратегија, улогата на партиите и граѓанскиот сектор, како и искуствата на земјите во регионот во овој контекст во процесот на НАТО интеграцијата. 

Потпретседателот Рамадани зборуваше за искуството на Република Македонија во имплементацијата на националната комуникациска стратегија за членство во НАТО и потребата за вклучување на пошироката јавност во процесот на евро-атлантска интеграција на земјата преку нејзино информирање и едукација која е една од главните цели на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (ЕАСМ).

Во 2005 година ЕАСМ беше дел од интересорската работна група која ја подготвуваше Комуникациската стратегија за членство во НАТО на Република Македонија.
Организатор на конференцијата беше Евро-Атлантскиот Совет на Црна Гора

 

Publication

scholl dizajn web