Средба на амбасадорот на Косово во Македонија со ЕАСМ Print
Thursday, 07 October 2010 14:11
There are no translations available.

На 6 октомври 2010 година членови на раководството на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија оствари средба со амбасадорот на Косово во Република Македонија г-дин Скендер Дервиши.

На средбата со амбасадорот му беа презентирани мисијата, целите и активностите кои Евро-Атлантскиот Совет на Македонија ги извршува во насока на исполнување на стратешката цел на земјата евро-атлантската интеграција, како и за начинот на работа на самата организација. Притоа беше истакнато дека се работи за организација која во својот состав обеднува луѓе од најразличен политички, етнички, интелектуален и деловен профил и го одразува националниот консензус кој постои во земјата за нејзината интеграција во НАТО.

Амбасадорот Дервиши го изрази своето задоволство од средбата и ги поздрави напорите кои ЕАСМ ги прави во имплементацијата на евро-атлантската идеја и вредности во земјата и регионот и изрази подготвеност за понатамошна соработка и комуникација.

Средбата помина во позитивен дух при што беше најавена идна комуникација со цел реализација на некои заеднички активности во иднина.