News:
Tools
Еднодневна конференција „Извезување безбедност – спроведување стабилност“ PDF Print E-mail
Friday, 27 August 2010 00:00
There are no translations available.

Во насока на стратешката определба на Република Македонија за членство во НАТО и придонесот на Република Македонија кон Алијансата, Евро-Атлантски Совет на Македонија (ЕАСМ) одржа еднодневна конференција насловена „Извезување безбедност – спроведување стабилност“, на 22 јануари 2010 година во хотел Стоунбриџ во Скопје.

Настанот имаше за цел да ја истакне значајната улога на вооружените сили на Република Македонија со учеството во  меѓународните операции за зачувување на мирот и спроведување на стабилноста во глобални рамки, која произлегува од нејзината подготвеност за членство во Алијансата со извршените реформски процеси и исполнувањето на критериумите за членство во НАТО.

Дополнително, конференцијата даде придонес во глобалната дебата за Новиот Стратешки Концепт на НАТО во која клучно прашање се и операциите предводени од НАТО, кои ќе ја дефинираат новата улога и мисија на Алијансата.

Учесници на настанот беа високи претставници на НАТО, дипломатски претставници во Република Македонија, припадници на АРМ, претставници на државните институции на Република Македонија, невладини организации, експерти и медиумите.  

Конференцијата беше поддржана од Централата на НАТО во Брисел и Министерството за надворешни работи на Република Турција.

 

 

Publication

scholl dizajn web