News:
Tools
Стекнати искуства: Земјите од Вишеградската група и евро-атлантската интеграција PDF Print E-mail
Tuesday, 03 August 2010 16:15
There are no translations available.

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (ЕАСМ) организираше тркалезна маса насловена: „Стекнати искуства: Земјите од Вишеградската група и евро-атлантската интеграција “


Тркалезната маса се одржа на 17 март 2010 година во хотел Стоунбриџ во Скопје.

Учесници на настанот беа:

- H. E. Ференц Кекеши,
Амбасадор на Република Унгарија во Република Македонија
- H. E.  Јозеф Браун,
Амбасадор на Република Чешка во Република Македонија
- H. E. Дариуш Карол Бахура,  
Амбасадор на Република Полска во Република Македонија
- Д-р Роберт Кирнаг, Chargé d’Affaires
Заменик шеф на мисија на Република Чешка во Република Македонија

Средбата за водеше Претседателот на Евро-Атлантски Совет на Македонија, Лазар Еленовски, кој ги истакна аспирациите на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ и применување на искуствата што ги бележат земјите од Бишеградската група.
Амбасадорите на Чешка, Унгарија, Полска и Словачка, познати како Вишеградска група, изразија подршка за евроатлантска интеграција на Република Македонија.
Декларирајќи ја В4 како група на земји кои се слични, но не и идентични, амбасадорите потенцираа дека  евроатлантската интеграција одигра клучна улога во трансформирањето на Централна Европа и го изразија своето верување дека политиката на проширување ќе помогне при стабилноста и благосостојбата како во земјите на Зададен Балкан, така и во Република Македонија, како интегративен дел.  
Чешка, Унгарија, Полска и Словачка, познати како Вишеградска четворка (В4) се приклучија кон ЕУ во 2004, зааедно со шест други земји од Источна и Централна Европа, и сите се членки на НАТО.
„Вишеградската група е подготвена да ја промивоира интеграцијата на земјата во текот на следните претседателствувања со ЕУ “ потенцираа амбасадорите.
Но, тие исто така истакнаа дека напредокот во пристапувањето е во наши раце и дека зависи од нашите напори за спроведување на реформите и надминиување на спорните прашања.
„Вишеградските земји за нудат својата помош и неодамнешна експертиза во изготвувањето и спроведувањето на интегративните стратегии, вклучително и ефикасното користење на средствата што ги обезбедува ЕУ.“
Македонија дојде еден чекор поблизу до интеграцијата бидејќи дојде до укинување на визниот режим од 1. јануари 2010.
Присутни на настанот беа дипломатски претставници во Република Македонија, припадници на АРМ, претставници на државните институции на Република Македонија, невладини организации, експерти и медиумите.  

Јавната дебата од овој тип е од огромно значење за споделувањето на искуствата и ефектите на евро-атлантската интеграција на земјите од централна Европа, како и можност за споделување на научените лекции и стекнатите бенифиции од приклучувањето кон евро-атлантското семејство вклучувајќи политички, демократски, економски и безбедносни бенифиции.

 

 

Publication

scholl dizajn web