Новиот НАТО: Градејќи го Новиот Стратешки Концепт Print
Sunday, 29 August 2010 00:00
There are no translations available.

Еднодневна конференција:
Новиот НАТО: Градејќи го Новиот Стратешки Концепт

Следејќи ја стратешката одлучност на Република Македонија за членство во НАТО и направените чекори за приближување кон Алијансата, Евро-атлантскиот Совет на Македонија (ЕАСМ) одржа еднодневна конференција под наслов: „Новиот НАТО: Градејќи го Новиот Стратешки Концепт“, на 4-ти јуни 2010, во хотелот Стоунбриџ во Скопје.


На конференцијата присуствуваа претставници на Атлантските асоцијации од регионот, регионални експерти, политичари, дипломатски претставници, граѓанското општество, медиумите и студенти.
Главната дебата на конференцеијата беше самата глобална дебата која се води околу Новиот Стратешки Концепт кој треба да се усвои во текот на оваа година на следниот НАТО самит. Учесниците ја дискутираа новата улога и мисија на Алијансата во поглед на операциите и глобалните партнерства.

Конференцијата беше отворена од претседателот на ЕАСМ, Лазар Еленовски, Н.Е. Кјетил Паулсен, Амбасадор на Кралството Норвешка во Р.М. и Емил Димитриев, заменик-министер за одбрана во Р.М. Други говорници беа д-р Ариан Старова, заменик-министер за одбрана на Република Албанија, г-ин Томас Џ. Навратил, заменик шеф на мисија, Амбасада на САД во Р.М., д-р Стево Пендаровски, Универзитет Американ Колеџ Скопје, Мира Крајачиќ, шеф на секторот за политичка и безбедносна соработка, Министерство за надворешни работи на Р.М., Младен Накиќ, член на управниот одбор на АТА Хрватска, Тијана Андриќ, извршен директор на АТА Србија, Емир Бијелиќ, Центар за студии за безбедност, Босна и Херцеговина.

Дебатата беше многу плодна, имајќи предвид дека говорниците имаат различни профили и доаѓаат од различни сфери: политика, дипломатија, експерти, граѓанското општество.

Настанот беше отворен за јавноста и имаше медиумска покриеност. Имаше претставници од електронските и пишаните медиуми во земјата.

Конференцијата беше поддржана од секторот за јавна дипломатија на НАТО и од Амбасадата на Кралството Норвешка во Република Македонија.