Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Говори|Говор на Исмет Рамадани, за НАТО денот - 4ти април
Говор на Исмет Рамадани, за НАТО денот - 4ти април PDF Печати Е-пошта
Среда, 06 Април 2016 11:06

ismet ramadani

Почитуван министер Јолевски,
Почитувани екселенции,
Почитувани дами и господа,

На почетокот, дозволете ми да Ви упатам топло добредојде и да ја изразам во мое и во име на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија големата благодарност за вашето присуство тука на годишната прослава на Денот на НАТО.Оваа манифестација, која традиционално се одбележува секоја година на 4-ти април е во организација на Евро-Атлантскиот Совет под покровителство на Министерството за одбрана на Република Македонија, со поддршка на НАТО Секторот за Јавна Дипломатија.

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија е организација целосно посветена на евроатлантските интеграции и се фокусира на ширење и промовирање на вредностите за кои НАТО и неговите земји-членки се залагаат. Како дел од нашите напори и во однос на годишната прослава на Денот на НАТО, Евро-Атлантскиот совет, исто така, ќе организира уште два настани. Првиот е меѓународна научна конференција што ќе се одржи на 14-ти април и ќе се фокусира на неколку теми во врска со актуелните безбедносни предизвици. Вториот е уште еден традиционален настан - НАТО студентска симулација насочена претежно да ги вклучи и да ги стимулира младите атлантисти и да ги промовира евро-атлантските вредности кај младите.

Македонија, како долгогодишен аспирант за полноправно членство во НАТО, ја докажува својата посветеност постојано и постојано покажува континуитет на определбата за членство во НАТО, како единствен начин за стабилизација и просперитет на земјата и на регионот во целина. Македонија веќе ги има исполнето сите пропишаните критериуми за членство во НАТО и заслужува влез во Алијансата. Интеграцијата на Република Македонија во евро-атлантските структури несомнено ќе придонесе за постабилна безбедносна ситуација на Балканот. Во пресрет на самитот во Варшава, и покрај очекуваните пречки во однос на билатералниот спор со Грција, се очекува уште една потврда за се што е постигнато досега, и пофалби за нашата упорност и посветеност. Оттука, во пресрет на Самитот во Варшава јас цврсто верувам дека Република Македонија уште еднаш ќе добие признание за своите напори и придонес на патот кон членство во НАТО.

Политичката ситуација во Македонија денес е во криза, која постојано бара решение, а таа е дополнително оптоварена и со бегалската криза. Ова е предизвик за земја која е мала и економски неразвиена, и не е членка на НАТО и на ЕУ. Но, можам да кажам дека и покрај проблемите на политичко ниво, Македонија покажа дека има капацитет и подготвеност да се справи со напливот на бегалци и ефикасно да соработува и да се координира со соседните земји. Сепак, моја препорака е да се постигне консензус меѓу партиите што е можно поскоро и спроведување на фер избори, што ќе покаже дека сме на вистинскиот пат за консолидирање на демократијата и нормализирање на функционирањето на нашите институции.

Друга важна консидерација на која сакам да укажам е важноста да се фокусираме и на други предизвици и безбедносни прашања со кои светот се соочува, а кои не го заобиколија ни нашиот регион. Засилена регионална соработка и активна ангажираност, како и посветеност на демократските вредности, како што се промоцијата на човековите права, слободата на медиумите и владеењето на правото е неопходност што секоја демократска држава треба да ги спроведе во услови кога заканите се асиметрични и непредвидливи.

Како заклучок, би сакал да ја истакнам и уште еднаш да ја афирмирам нашата понатамошна посветеност и ангажираност во ширењето на евро-атланските вредности.

 

Публикации

simulacija5