Вести:
Tools
Рамадани на самитот на НАТО PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 02 Јули 2018 13:41

Претседателот на АТА Македонија, г-дин Исмет Рамадан за време на самитот на НАТО во Брисел ќе учествува и на официјалниот теренски настан, насловен како "НАТО се ангажира: Дијалогот на самитот во Брисел" (“NATO Engages: The Brussels Summit Dialogue”).

resize

Настанот е во организација на НАТО, Атлантскиот совет од САД, Германскиот Маршалов фонд на САД (GMF), Минхенската безбедносна конференција (MSC) и Жените во меѓународна безбедност (WIIS).

Настанот ќе се одржи од 11 до 12 јули 2018 година, во рамки на безбедносниот периметар на официјалниот Самит на НАТО во Брисел и ќе обедини над 300 претставници од висок профил и разни претставници од владата, приватниот сектор, медиумите, академијата и граѓанското општество за да разговара за предизвиците и неизвесностите на денешницата и иднината.

Настанот е традиционален и од огромна важност во насока на претставување на нашата земја во овие важни моменти.

Г-дин Рамадани како надворешен советник на Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Зоран Заев, ќе има официјални средби со високи претставници каде ќе лобира за нашата земја.

maxresdefault

 

Публикации

INTER