Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|61во Генерално Собрание на АТА
61во Генерално Собрание на АТА PDF Печати Е-пошта
Четврток, 03 Декември 2015 15:05

Од 17-19 ноември 2015та година, Светската Атлантска Асоцијација (АТА) го одржа своето редовно, 61во Годишно Собрание. Овој состанок собра повеќе од 37 Атлантски совети ширум светот и претставуваше платформа за дискусија за актуелните глобалните прашања. Генералното Собрание се одржа во Брисел.

1

Традиционално,  делегација  од  Евро  –  Атлантскиот  Совет  на  Македонија  зема активно учество и придонесе во работата на состанокот.

Оваа година, делгацијата на АТА Македонија беше во состав:

  • г-дин Исмет Рамадани, Претседател
  • г-дин Трифун Костовски, Извршен директор на бизнис клубот
  • г-дин Сеад Кочан, член на бизнис клубот
  • г-дин Алберт Муслиу, член на бизнис клубот
  • г-дин Тоше Коцевски, член на претседателство
  • г-дин Илија Џугуманов, член на претседателство/претседател на ЈАТА

2

На маргините на Генералното Собрание на АТА, се одржува и Генералното Собрание на Светската Младинска Атлантска Асоцијација (ЈАТА). Покрај работниот дел, младинското собрание секоја година е од изборен карактер. За таа цел, г-дин Илија Џугуманов, претседател на младите на АТА Македонија, ги водеше изборите за Светскиот Борд на ЈАТА.

Во склоп на Генералното Собрание, на 19ти ноември во палатата D’Egmont се одржа меѓународната конференција на тема COOPERATIVE SECURITY & INTERCONNECTED THREATS.

3

Денес безбедносните закани се меѓусебно поврзани повеќе од било кога. Од исток до Медитеранот и областа на Персискиот залив, тероризмот, хибридна војна, масовните миграции и други не-воени фактори на нестабилност ја прават нашата безбедност "неделива". Затоа, зајакнатите стратегии за"кооперативна безбедност" и проактивната и координирана ангажираност се неопходни за спроведување навремении ефективни против-мерки и да ги доведе во врска со "заедничките решенија и заедничките предизвици" преку зајакнување на мирот, стабилноста и социо-економскиот развој.

На конференцијата учествуваа Институционални и Владини органи заедно со личности од политичката, дипломатската, воената, академската и економската сфера; Претставници на меѓународни организации; Делегати од 37 национални Евро-Атлантски совети; Експерти, истражувачи и професионалци; Претставниците на граѓанското општество и приватниот сектор; Новинари и други претставници на медиумите.

4

Целта на конференцијата беше: а) Да промовира научната дебата за безбедностните ризици поврзувајќи ги Евро-Атлантикот и регионите од Медитеранскиот Залив; б) Да ја подигне свеста на неделивост на безбедноста во односните области; в) Да ја подобри соработката и размената на ставови помеѓу носители на одлуки, функционери, како и експерти од Европа и од Блискиот Исток; г) Да го поддржи спроведувањето на кооперативни стратегии за безбедност меѓу сојузниците, партнерите и меѓународните организации; д) Да го отвори патот за идни проекти и иницијативи на меѓусебно поврзани закани за безбедноста на Евро-Атлантската и Медитеранската област.

5

Покрај настанот, делегацијата на АТА Македонија имаше средба во просториите на НАТО со Н.Е. Зоран Дабич, шеф на Мисијата на Република Македонија во НАТО и Н.Е. Лазар Еленовски, амбасадор на Македонија во Кралството Белгија.

 

 

Публикации

simulacija5