Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|6та НАТО Студентска симулација: НАТО во очите на Самитот во Варшава
6та НАТО Студентска симулација: НАТО во очите на Самитот во Варшава PDF Печати Е-пошта
Среда, 27 Април 2016 13:57

Со оглед на успехот и големиот интерес за минатите студентски симулации и сите настани од ваков вид во земјата, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија ја организираше 6-тата НАТО Студентска симулација на тема: "НАТО во очите на Самитот во Варшава".



Настанот беше практично младински настан, каде што студентите симулираа самит на НАТО, превземајќи улоги на шефови на држави и влади и претставници на медиумите. Настанот беше високо образовен поради тоа што им овозможи на студентите поблиску и подлабоко да се запознаат со прашањата на НАТО, безбедноста и меѓународната политика, овој пат во пресрет на Самитот во Варшава. Студентската симулација на НАТО е годишен и традиционален проект на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија и е одраз на реален состанок на НАТО.

Учесници на симулацијата беа студенти од универзитетите во Македонија, кои беа соодветно подготвени за симулацијата да ги претставуваат земјите членки на НАТО и претставници на медиумите.



Симулацијата беше отворена од страна на г. Илија Џугуманов, Претседателот на младите на Евро-Атлантскиот Совет (ЈАТА Македонија). Видео обраќање имаше и г. Золт Рабаи од НАТО Одделот за јавна дипломатија. Специјални гости кои се обратија на учесниците беа г-дин Беким Максути, Заменик Министер за одбрана, г-дин Исмет Рамадани, Претседател на Евро-Атланскиот Совет на Македонија (АТА Македонија) и Капетан Румен Радев, Шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје.





Претседавач на овогодинешната симулација беше заменик-претседателот на Светската Младина, г-дин Роберт Ивица Сушич.





Студентите имаа чест да бидат наградени со сертификати од страна на Неговата Екселенција Американскиот Амбасадор г-дин Џес Л. Бејли. Тие, исто така, имаа уникатна можност да упатат неколку прашања во врска со Евро-Атланските интеграции кои беа одговорени од Неговата Екселенција.



Настанот се одржа на 26ти април 2016 година во ЕРА Центарот во Скопје.

6та НАТО Студентска  симулација - АЛБУМ



 

Публикации

simulacija5