Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Четврта Трибина – Куманово
Четврта Трибина – Куманово PDF Печати Е-пошта
Петок, 04 Ноември 2016 14:51

Во склоп на истражувањето на Евро – Атлантскиот Совет за влијанието на Евро – Атлантските интеграции врз меѓу – етничките односи во државата, на 3ти ноември се оддржа четвртата и последна трибина во Куманово.

DSC 0633

На оваа трибина, г-дин. Илија Џугуманов нагласи дека повеќе од 68 одсто од граѓаните кои одговориле на спроведената телефонска анкета, се изјасниле дека евро-атланските интеграции позитивно влијаат во добрите меѓуетнички односи во државата.

„Политичките елити ќе мора да одговорат на желбата на граѓаните дека евро-атланските интеграции треба интензивно да влијаат во подобрување на меѓуетничките односи и ако тоа е воља на граѓаните тоа значи дека ние треба да градиме стабилни институции, правна држава, независни медиуми и независно судство и ако функционираат добро институциите и одговараат на желбата и вољата на граѓаните, тогаш ние сме чекор поблиску до членството на НАТО и ЕУ, - изјави Исмет Рамадани, претседател на АТА Македонија.

DSC 0639

“Народот сака да биде дел од една цивилизација со којашто ќе ги споделуваме истите вредности и сакаме да се развиваме и да одиме напред, а да си останеме тука сите на своето„, - изјави г-дин. Трифун Костовски, Извршен Директор, Бизнис Клуб, АТА Македонија.

DSC 0642

 Дека Куманово е Македонија во мало и добар пример за толеранцијата и меѓуетничкиот соживот изјави градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.
„Државата е длабоко поделена по сите основи и затоа вакви иницијативи придонесуваат за градење на граѓанско општество во кои ќе се почитуваат различностите, а без овие вредности Македонија не може да влезе во ЕУ и НАТО. Овој град беше во големо искушение во 2001 година и лани, но успеја да се справи со предизвикот и да не влезе во еден многу мрачен процес на етничка поделба. Сега очекуваме судот да докаже зошто ни се случи Диво Насеље и кои беа мотивите. Истовремено да се стави точка на меѓуетничката поделност и етношовинизмот во државата“, - истакна Дамјановски.
На трибината свои излагања имаше и полтичкиот аналитичар Алберт Муслиу кој што уште еднаш потенцираше дека Куманово е пример за хармонизирани меѓу – етнички односи во државата, како и дека: “Интеграцијата во НАТО, ќе ги ослободи граѓаните и институциите од константниот страв од некаква внатрешна или надворешна закана.„

DSC 0643

Проектот е поддржан од CIVICA MOBILITAS и НАТО Секторот за Јавна Дипломатија, Брисел, а трибината се оддржа во коорганизација со Општина Куманово.

 

Публикации

simulacija5