Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Завршна Конференција на ЕАСМ - дел од проектот "Влијанието на евро-атлантските интегративни процеси врз меѓуетничките односи"
Завршна Конференција на ЕАСМ - дел од проектот "Влијанието на евро-атлантските интегративни процеси врз меѓуетничките односи" PDF Печати Е-пошта
Вторник, 15 Ноември 2016 14:28

На 11ти ноември 2016 година во просториите на ЕРА Центар Скопје, Дипломатска Сала, со почеток од 10:30 часот, Евро-Атланскиот Совет на Македонија ја одржа својата завршна конференција како дел од проектот "Влијанието на евро-атлантските интегративни процеси врз меѓуетничките односи".

vest2

Истражувањето кое траеше 6 месеци беше насочено кон испитување на јавните ставови и мислења во однос на ефектите кои би ги имале евроатлантските интеграции врз целокупните меѓуетнички односи во земјата. Покрај истражувањето, ЕАСМ организираше и 4 јавни дебати во 4 плански региони во Македонија кои покрај презентирање на резултатите имаа за цел да ја подигнат свесноста за овие значајни прашања надвор од главниот град. Целта на завршната конференција беше да ги претстави резултатите од истражувањето, како и да поттикне дебата за поврзаноста на евроатлантските интеграции и унапредувањето на меѓуетничките односи во земјата.

Конференцијата беше отворена од страна на господин Исмет Рамадани, Претседател на АТА Македонија, кој во својот воведен говор ја истакна потребата од меѓуетнички дијалог и разбирање како предуслов за успешно интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ. Тој понатаму посочи дека економскиот развој и унифицираните стандарди се клучни во процесот на унапредување на меѓуетничките односи.

vest 5

Вицепремиерот за европски прашања, г-дин Арбер Адеми порача дека сите етнички групи во државата без оглед на нивната политичка идеологија треба да се стремат кон заедничка цел т.е. кон успешно интегрирање на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Тој потенцира дека интеграцијата подразбира негување на меѓуетничките односи и дека спроведеното истражување на ЕАСМ е од огромно значење во тој поглед.

Генералниот Секретар на Светската Ата, г-дин Џејсон Вајсман, го поздрави истражувањето и ја потенцираше неговата важност и огромна вредност која би ја имало во напорите на Р. Македонија да стане НАТО членка. Тој направи компарација помеѓу ситуацијата во Белгија и Канада кои како и Македонија се илустрација за меѓуетничко општество и спој на различни култури. Во оваа насока, тој заклучи дека унапредувањето на меѓуетничките односи во една земја може да посложи како политичка поткрепа во напорите на Македонија за целосна интеграција во Евро-Атлантските структури.

На крајот на првата панел сесија г-дин Илија Џугуманов, член на Претседателството на АТА Македонија, ги презентираше резултатите од истражувањето и воедно ја истакна важноста од истражувањето за Евро-Атлантскиот пат на Република Македонија и од препораките кои ќе бидат дисеминирани до институциите и креаторите на политиката.

Според г-дин Трифун Костовски, Извршен Директор на Бизнис Клубот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, кој го отвори вториот панел, НАТО и ЕУ ги претставуваат постулатите за еднаквост и останати вредности кои се клучни за напредокот на едно општество. Тој подвлече дека Евро-Атланските интеграции имаат капацитет позитивно да влијаат врз бизнис заедницата во Македонија и да ја подобрат бизнис климата која е многу значајна во процесот на унапредување на меѓуетничките односи. Тој забележа дека Македонија треба да се посвети и да инвестира во инфраструктура, капитални инвестиции и енергетски проекти што е важно како за меѓуетничките односи во државата, така и за Евро-Атлантските интеграции.

vest3

Проф. Дијана Ѓупта, Претседател на АТА во БиХ, во нејзиниот говор направи паралела помеѓу меѓуетничките односи во Македонија и меѓуетничките односи во БиХ. Таа истакна дека слично како и во Македонија во БиХ постои стагнација во економскиот развој, религијата се конзумира како омраза, додека политиката ги кочи Евро-Атлантските процеси. Таа потенцира дека Дејтонскиот Мировен Договор ги поткопа меѓуетничките односи во земјата наместо да ги унапреди и посочи дека соработката е клучна во градењето на едно мултиетничко општество.

Д-р Ризван Сулејмани, Универзитетски Професор, го објасни влијанието на глобализацијата која го има врз целокупните процеси и истакна дека една земја во следењето на глобалните трендови и текови треба да ги отвори границите и да се интегрира во пошироките безбедносни и економски структури.
Д-р Жидас Даскаловски, Универзитетски Професор, меѓуетничките односи во Македонија ги оцени како минимални и сведени меѓу елитите и детерминирани од географската распределеност. Тој во својот говор го отвори прашањето дали константната подршка за НАТО и ЕУ е суштинска или инструментална и ги потенцираше ризиците од потенцијален меѓуетнички раздор доколку спорот со името не се разреши. На крајот, тој истакна дека се потребни иновативни решенија за јакнење на демократските капацитети како предуслов за успешно интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ.

vest4

Г-дин Алберт Муслиу, Политички Аналитичар, се произнесе за темата истакнувајќи дека во Македонија постои долговековна традиција на соживот. Тој ја потенцираше неопходноста од зајакнувањето на евро-атлантските реформи и потребата Рамковниот Договор да не биде посматран како социјален вентил, туку како кохезивен фактор и алатка за зголемена доверба во институциите.

 

Публикации

simulacija5