Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Oнлајн анкета – прашалник
Oнлајн анкета – прашалник PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 13 Февруари 2017 09:05

Евро-Атлантскиот Совет на Македонијa започна со нов истражувачки проект поддржан од програмата CIVICA MOBILITAS на тема: "Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на Евро-Атланските интеграции".

banner-NOV

Проектот кој ќе трае до декември 2017 година има за цел поттикнување на активно учество на младите луѓе во Македонија во градењето на демократските процеси, како предуслов за интеграцијата на Македонија во евро-атлантските структури.

За таа цел, ЕАСМ изготви онлајн анкета – прашалник со цел да извлече директни информации од целните групи за нивните погледи, ставови и перцепции во однос на нивната вклученост и ангажираност во демократските процеси во Македонија, како и да го испита нивото на свесност кај младите за придобивките кои би ги имале од активната инволвираност во Евро-Атлантските интегративни процеси.

Ќе ни претставува чест доколку одвоите минута од вашето време и дадете придонес за ова истражување.

Прашалникот ќе можете да го најдете и пополните на следниов линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdUR-dkZicAxLCPUc1dkFWi7AU_JlpW3QD5Cl7wGMjIo5o64Q/viewform?c=0&w=1

Вашиот придонес е од особена важност за успешна реализација на проектот и истражувањето. Затоа, однапред ви благодариме за вашиот фидбек.

 

Публикации

simulacija5