Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Средба помеѓу ЕАСМ и Амбасадорката на НАТО контакт Амбасадата во Република Македонија
Средба помеѓу ЕАСМ и Амбасадорката на НАТО контакт Амбасадата во Република Македонија PDF Печати Е-пошта
Среда, 22 Март 2017 13:45

На 21ви март, 2017 делегација од Евро – Атлантскиот Совет на Македонија, составена од г-дин Исмет Рамадани, Претседател на ЕАСМ, г-дин Трифун Костовски, Извршен Директор на АТА Бизнис Клуб и г-дин Илија Џугуманов, Претседателство на АТА Македонија, се сретна со Н.Е. Г-ѓа Данијела Баришиќ, Амбасадор на НАТО контакт Амбасадата на Хрватска во Република Македонија.

На почетокот на состанокот, г-дин. Рамадани и г-дин. Џугуманов ја нагласија претходната успешна соработка помеѓу ЕАСМ и Амбасадата на Република Хрватска и ја изразија нивната убеденост во идна уште поинтензивна и поуспешна соработка.

На оваа средба, беше дискутирана и моменталната ситуација во државата и двете страни придонесоа со многу продуктивни коментари на оваа тема.

Остатокот од разговорите се однесуваше најмногу на идните цели и улогата на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија во државата и околу идната 20 годишнина на АТА Македонија.

Н.Е. Г-ѓа Данијела Баришиќ ја истакна важноста на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија, како поради неговата внатршна мулти – етничка структура, така и поради сите важни поранешни и идни активности на организацијата. Исто така, амбасадорката ја спомена и важноста на покривање на специфични стратешки области за Република Македонија, како што се Евро – Атлантските интеграции и промоција на Евро – Атлантските идеи и вредности во општеството.

amb hrvatska

 

Публикации

simulacija5