Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|НАТО ДЕН 2017
НАТО ДЕН 2017 PDF Печати Е-пошта
Петок, 07 Април 2017 08:30

Традиционалната прес-конференција, која секоја година се организира од страна на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија со цел да се прослави денот на НАТО – 4ти април, оваа година се одржа во Домот на АРМ во Скопје, на 4ти април 2017 година (вторник).

image1

Овој настан "Ден на НАТО- Прес-конференција - 2017" е традиционална активност на АТА Македонија во соработка со Министерството за одбрана на Република Македонија која покрај одбележувањето на Денот на НАТО, исто така, служи како информативен настан кој има за цел да ја информира пошироката јавност и медиумите за развојот и напредокот на интегративните процеси на Република Македонија во НАТО.

Модератор на настанот беше г-дин Илија Џугуманов, член на Претседателството на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија.

image3

На настанот се собраа над 100 учесници меѓу кои високи претставници од МО и Македонската Армија, амбасадори и воени аташеа, професори, партнерски организации на АТА, членови на ЈАТА, студенти и млади професионалци. Повеќе од 20 претставници на медиумите учествуваа и известуваа за настанот.

Г-дин Исмет Рамадани, Претседател на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, ја отвори прес-конференција со неколку зборови за тоа колку е важно Македонија да пристапи во НАТО велејќи дека членството во НАТО е единствениот начин за стабилизација и просперитет на земјата и регионот како целина. Тој произнесе за политичката криза во Македонија, посочувајќи дека актуелната политичка ситуација бара решителни одлуки и координирани напори од страна на сите политички актери. Тој порача дека конструктивно решение меѓу политичките партии и формирање на влада што е можно поскоро е повеќе од потребно со цел да се обезбеди непречено функционирање на нашата држава и нејзините институции.

image2

Д-р Зоран Јолевски, Министер за Одбрана на Република Македонија, укажа дека улогата на Алијансата е од најголема важност за Македонија и за нејзиниот напредок. Тој истакна дека со цел да стане земја членка на Алијансата треба да постои јасна визија и стратегија за справување со безбедносните предизвици. Тој ја истакна потребата од посилна одбрана и посилна економија, како и за инвестиции во партнерските механизми и регионалната соработка.

image4

H.E. Г-дин Џес Л. Бејли, Амбасадор на Амбасадата на САД во Република Македонија, истакна дека зачувувањето на слободата и демократските вредности е од суштинско значење за евро-атлантските аспирации на Македонија. Тој истакна дека Алијансата останува отворена за оние кои сакаат да придонесат за мирот и стабилноста, како и за земјите способни за исполнување на условите за приклучување. Тој заврши наведувајќи дека САД ќе продолжат со својата посветеност да помогнат во процесот на зацврстување на безбедноста и зајакнување на капацитетите на одбраната во Македонија.

image5

H.E. Г-ѓа Даниела Баришиќ, Амбасадор на Хрватската Амбасада во Република Македонија, повлече паралела помеѓу Македонија и Хрватска, двете земји кои се дел на болна транзиција, но и земји кои делат исти вредности. Таа потврди дека Хрватска ја поддржува политиката на отворени врати и рече дека во Македонија треба да се следат демократските принципи и треба да се најде начин да се стабилизираат демократските институции, што е можно поскоро.

image6

H.E. Г-дин Рамон Каранза, Амбасадор на Кралството Шпанија во Република Македонија, смета дека се потребни повеќе реформи со цел Македонија да продолжи во својот пат кон НАТО. Тој рече дека Шпанија секогаш ја поддржува Македонија во евро-атланските процеси и истакна дека интеграцијата подразбира инвестирање во слободата, човековите права и владеењето на правото.

image7

Капетан Горазд Бартол, Шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, ги повика сите политички актери во Македонија да ги признаат резултатите од изборите и да се формира функционална и ефикасна влада. Тој рече дека откако ќе се формира новата влада, треба да се продолжи со реформите потребни за членство на Македонија во НАТО.

image8

Г-дин Трифун Костовски, Извршен Директор на Бизнис Клубот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, го покрена прашањето во врска со проблемот за името на земјата и повика на брзо решение на спорот, со цел да се обезбеди интеграција на Македонија во евро-атлантските структури.

image9

На крајот на прес-конференција, модераторот на настанот, г-дин Илија Џугуманов, ги прогласи победниците на "Ловот на богатство" игра спроведена во пресрет на Денот на НАТО. Играта претставуваше решавање на неколку загатки од страна на учесниците преку социјалните медиуми, а целта беше да се постави предизвик за младите луѓе и да се стимулираат преку игра да дознаат повеќе за Алијансата. Наградите за првите 4 победници беа доделени на настанот.

image10

 

Публикации

simulacija5