Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Средба со Амбасадорот на Амбасадата на Република Унгарија во Република Македонија
Средба со Амбасадорот на Амбасадата на Република Унгарија во Република Македонија PDF Печати Е-пошта
Вторник, 02 Мај 2017 10:59

На 26ти април 2017 година делегација на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија, составена од г-дин Исмет Рамадани, претседател на ЕАСМ, г-дин Тоше Коцевски, член на бизнис клубот на ЕАСМ, и г-дин Илија Џугуманов, член на Претседателството на АТА Македонија, остварија средба со Н.Е. Г-дин Ласло Иштван Дукс, Амбасадорот на Амбасадата на Република Унгарија со седиште во Република Македонија. На средбата присуствуваа г-дин Ѓула Сомоѓи, заменик-шеф на мисијата, и г-дин Ервин Шел, економски советник на Амбасадата на Република Унгарија.

ungarija

На средбата, беа дискутирани важни прашања за двете земји како што се зголемена економска соработка, борбата против тероризмот и поголема безбедност на границите, како и планирање на идната соработка и заеднички активности како дел од поддршката на Република Унгарија за пристапување на Македонија во НАТО и во ЕУ.

Местото на одржување на состанокот беше Унгарската Амбасада со седиште во Скопје.

 

Публикации

simulacija5