Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Делегација од ЈАТА Македонија во посета на Седиштето на НАТО во Брисел
Делегација од ЈАТА Македонија во посета на Седиштето на НАТО во Брисел PDF Печати Е-пошта
Петок, 12 Мај 2017 13:09

Од 8ми до 10ти мај 2017, двајца претставници од ЈАТА Македонија, г-дин Илија Џугуманов, Претседател на ЈАТА и г-ца Дина Арнаут, Координатор за Социјални Медиуми, го посетија Брисел како дел од Тренингот за Социјални Медиуми во Седиштето на НАТО, организиран од страна на Асоцијацијата на Атлантскиот Договор, во соработка со Секторот за Јавна Дипломатија на НАТО.

IMG 0015

Во текот на оваа посета, лидерите на ЈАТА дивизиите кои се вклучени во Социјалните Медиуми од Бирото на АТА/ЈАТА, ЈАТА Босна и Херцеговина, АТА Србија, ЈАТА Македонија и ЈАТА партнерската организација од Косово, беа дел од Работилницата за Социјални Медиуми, каде што фокусот беше насочен кон сегашната агенда на НАТО, НАТО Партнерства, факти и лаги, дигиталниот опсег на НАТО и развој на он-лајн технологија, најдобри начини за креирање содржина за социјални медиуми и дигитален увид во НАТО.

Целта на посетата беше градење на капацитет помеѓу членовите во АТА/ЈАТА мрежата на Балканот во нивниот опсег на социјални медиуми, зајакнување на соработката помеѓу учесниците и зацврстување на врската помеѓу АТА/ЈАТА и НАТО.

АГЕНДА

08МАЈ2017

Пристигнување во Брисел

2200 - 2300 Дебрифинг со сите учесници во Седиштето на АТА

09МАЈ2017

0810 - 0830 Организиран превоз до седиштето на НАТО

0930 - 1030 сесија 1: Преглед на НАТО и Сегашната Политичка Агенда на НАТО, Г-дин Зсолт РАБАИ, Службеник на Програмата за Франција, Унгарија и Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Косово и Македонија), Секција за Ангажмани, Дивизија за Јавна Дипломатија

1045 - 1145 сесија 2: НАТО Партнерства - Проектирање на Стабилност со специјален фокус на Западен Балкан, Г-ѓа Тања ХАРТМАН, Канцеларија за Евро - Атлантски и Глобални Партнерства, Дивизија за Политички Прашања и Безбедносна Политика

1145 - 1230 сесија 3: Факти и Фалсификати - Комуникација во ерата на информатичко војување, Г-ѓа Герлинде НИЕХУС, Шеф, Секција за Ангажмани, Дивизија за Јавна Дипломатија

1230 - 1400 ручек во трпезаријата на Генералниот Секретар на НАТО

1400 - 1430 сесија 4: Дигиталниот Опсег на НАТО и Изградба на Он-лајн Технологија, Г-дин Паул МАГИС, Шеф, Центар за Комуникациски Технологии, Дивизија за Јавна Дипломатија

1430 - 1600 сесија 5: Социјалните Медиуми на НАТО: Најдобри Начини за Создавање Содржини и Менаџирање на Профилите, Г-дин Аксел ДЕ МИЛ, Координатор за Социјали Медиуми и Г-ѓа Анна КОЛАКОВСКА, Координатор за Дигитална Мултимедија, НАТО Он-лајн Дивизија за Јавна Дипломатија

1615 - 1715 сесија 6: Дигитален Преглед на НАТО: Мониторинг и Проценка, Г-дин Френки САЕГЕРМАН, Шеф, Дигитални Увиди, Дивизија за Јавна Дипломатија

1730 Заминување во хотел

1800 - 1900 Дебрифинг во Седиштето на АТА

10MАЈ2017

Крај на Програмата и заминување

Оваа посета е втора од ваков вид, каде што лидерите на ЈАТА Македонија имаа можност да добијат нови информации и вести за агендата на НАТО, од страна на официјални претставници, информации во врска со тоа како да се охрабри поголемо вклучување на младите во ЈАТА и за тоа како да се постигне подобар дигитален опсег на Каналите на АТА Македонија.

 

Публикации

simulacija5