Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Нов истражувачки проект на ЕАСМ во партнерство со GLOBSEC
Нов истражувачки проект на ЕАСМ во партнерство со GLOBSEC PDF Печати Е-пошта
Вторник, 13 Март 2018 10:18

АТА Македонија во соработка со GLOBSEC Policy Institute од Република Словачка спроведува истражувачки партнерски проект насловен: “Справување со дезинформациите во Централна и Југоисточна Европа: Мапирање на потребите, градење на капацитети, и генерирање на граѓански активизам”, кој е поддржан од Стејт Департментот на САД, а во кој ќе бидат вклучени 8 земји/организации.

logo en      globseclogo

Целта на проектот е да ги идентификува недостатоците во вештините и алатките на организациите на граѓанското општество (ГО) што им се потребни за да се спротивстават на ширењето на дезинформациите, како и да се идентификуваат онлајн навиките кај младите (15-24), главните наративи за дезинформации и степенот на користење на социјалните медиуми.

Проектот кој е составен од три фази е предвиден да трае до ноември 2018 година и да опфати деск истражување, мапирање на потребите на граѓанските организации и квалитативна анализа на фокус групи, дводневен тренинг за организациите воден од врвни американски експерти, како и меѓународен натпревар и јавна кампања.

 

Публикации

youth-thumbnail