Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|НАТО ИНТЕГРАЦИЈАТА - ПРЕДУСЛОВ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И РАЗВОЈ
НАТО ИНТЕГРАЦИЈАТА - ПРЕДУСЛОВ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И РАЗВОЈ PDF Печати Е-пошта
Среда, 19 Септември 2018 13:36

1

По повод започнувањето на новиот проект „ШКОЛА ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И НАТО ИНТЕГРАЦИИ“,кој е директно поддржан од Министерството за Одбрана на РМ и НАТО Секторот за Јавна Дипломатија, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија на 18.09.2018 година во Хотелот Stone Bridge одржа еднондевна конференција под наслов: “НАТО ИНТЕГРАЦИЈАТА - ПРЕДУСЛОВ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И РАЗВОЈ”.

На конференцијата зедоа учество Г-дин Талат ЏАФЕРИ, Претседател на Собранието на Република Македонија; Г-ѓа Радмила ШЕКЕРИНСКА ЈАНКОВСКА,  Потпретседател на Владата / Министер за одбрана на Република Македонија; H.E. Данијела БАРИШИЌ, Амбасадор, Амбасада на Република Хрватска во Република Македонија; Кап. Горазд БАРТОЛ, Раководител на НАТО Канцеларијата во Скопје; Проф. Д-р Стево ПЕНДАРОВСКИ, Национален координатор за НАТО; и Проф. Трајан ГОЦЕВСКИ, Прв министер за Одбрана на Република Македонија.

3

Првата сесија ја отвори Претседателот на АТА Македонија г-дин Исмет Рамадани кој притоа истакна дека оваа конференција претставува одбележување и реафирмирање на вредностите и принципите кон кои НАТО се стреми. Тој ја истакна и улогата на младите во овие процеси за кои како носители на општествени промени и прогрес е од огромна важност да се вложува во нивното образование и неформална едукација.

5

Г-дин Талат ЏАФЕРИ, Претседател на Собранието на Република Македонија, посочи дека Македонија се наоѓа пред еден историски момент кога вратите за членство во НАТО ќе бидат отворени. Дополнително, тој истакна дека членството во НАТО подразбира голема одговорност и активен придонес во зачувување на мирот и безбедноста, не само дома, туку и на глобално ниво.

9

Г-ѓа Радмила ШЕКЕРИНСКА ЈАНКОВСКА,  Потпретседател на Владата / Министер за одбрана на Република Македонија, потенцираше дека НАТО интеграцијата е приоритет не заради ситни политички поени, туку заради крупните и долгорочни политички цели. Во однос на глобалните закани и важноста од членството во НАТО таа истакна: “Сајбер заканите, дезинформациите и пропагандата се уште еден од обидите да се поткопаат темелите на демократијата, да предизвикаат поларизација во општеството. Сами против ова потешко ќе се бориме, и сами против овие ризици не е мудро да се поставиме.” Покрај другото таа истакна дека НАТО е синоним за стабилност, безбедност, но и економски просперитет.

Модератор на втората сесија/панел дискусија беше г-дин Илија Џугуманов, претседателство на АТА Македонија.

13

H.E. Данијела БАРИШИЌ, Амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија, ги сподели хрватските искуства од членството во Алијансата истакнувајќи дека референдумот е одлична можност граѓаните на Македонија да го изразат својот став за членство во НАТО.

Кап. Горазд БАРТОЛ, Раководител на НАТО Канцеларијата во Скопје, потенцираше дека Македонија има направено голем чекор напред во своите реформи, а особено во безбедносниот сектор.

Проф. Д-р Стево ПЕНДАРОВСКИ, Национален координатор за НАТО, испрати порака до младите дека како младина растена во дигиталниот глобален свет дека младите секогаш во сите општества се во првите редови на промените заради својата енергија и волја. Според Д-р Пендаровски, безбедноста на државите е првиот предуслов за економски развој. Тој додаде дека Македонија во овој момент има поголем процент поддршка за Алијансата од сите нејзини постојни земји-членки.

15

Проф. Трајан ГОЦЕВСКИ, Прв министер за Одбрана на Република Македонија, придонесе во дискусијата со историски осврт на патот на Македонија до НАТО. Според него, Македонија со учеството во меѓународни мисии и операции ја има одработено агендата за членство во НАТО.

8

Целта на 15 неделната школата е да обезбеди основно познавање за НАТО, вклучително за неговата структура, политики, операции и др. актуелни прашања поврзани со Алијансата, но и да придонесе за информираноста и зголемување на младиот кадар во АРМ потпирајќи се на едукативни и информативни алатки. Учесници на школата се млади луѓе од 16 до 25 години кои ќе имаат можност да се здобијат со високи теоретски и практични знаења за НАТО, безбедноста и одбраната.

14

 

Публикации

youth-thumbnail