Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Тренинг за Комуникациски вештини
Тренинг за Комуникациски вештини PDF Печати Е-пошта
Вторник, 25 Септември 2018 13:35

Во периодот од 20.09-21.09.2018 година, членови на АТА Македонија присуствуваа на дводневна обука за градење на капацитети наменета за граѓанските организации во Македонија и регионот организирана од Globsec Policy Institute од Братислава.

globsec 1

Обуката насловена како “Обука во комуникациски вештини” е дел од партнерскиот проект насловен: “Справување со дезинформациите во Централна и Југоисточна Европа: Мапирање на потребите, градење на капацитети, и генерирање на граѓански активизам”, кој е поддржан од Стејт Департментот на САД, и во кои беа вклучени 8 земји/организации од регионот, меѓу кои и Евро-Атлантскиот Совет на Македонија.  

Целта на проектот беше да ги идентификува недостатоците во вештините и алатките на организациите на граѓанското општество (ГО) што им се потребни за да се спротивстават на ширењето на дезинформациите, како и да се идентификуваат онлајн навиките кај младите (15-24), главните наративи за дезинформации и степенот на користење на социјалните медиуми.

Целта на обуката беше преку теоретски и практичен дел да ги надгради капацитетите и комуникациските вештини на граѓанските организации за развој и имплементација на успешни онлајн јавни комуникациски кампањи и активности. Темите кои се обработија вклучија: Градење на комуникациска стратегија: теорија и пракса; Пренесување на пораката преку дигитални алатки; и работилница за визуелизација на податоци преку креирање на видеа и инфо графици.

Обуката беше реализирана со асистенција на врвни експерти во доменот на комуникациите и новите медиуми меѓу кои Олга Чижова, директор за комуникации, "Украинската Призма"; Марк Флаифл, претседател и извршен директор, Off the Record Strategies; и Франак Виачорка, креативен директор, RFE/RL’s Belarusian Service.

Обуката се одржа во Хотел Опера Хаус во Скопје

globsec 2

 

Публикации

INTER