Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Петто предавање и официјална посета на касарната "Илинден" во Скопје
Петто предавање и официјална посета на касарната "Илинден" во Скопје PDF Печати Е-пошта
Петок, 26 Октомври 2018 08:16

На 25 октомври 2018 година беше организирана уште една практична активност во рамките на "ШКОЛАТА ЗА ОДБРАНА, БЕЗБЕДНОСТ И НАТО ИНТЕГРАЦИИ".

3a

Овој пат учесниците на школата имаа можност да ја посетат касарната "Илинден" со баталјоните лоцирани во касарната (вклучувајќи го и Полкот за Специјални Операции, Баталјонот на Воената полиција и Баталјонот за врски), да разговараат со офицерите на АРМ, како и да присуствуваат на презентации и да дискутираат на темите.

Презентацијата во Полкот за Специјални Операции обезбеди историски и информативен преглед на полкот, неговата структура, мисија и општи задачи, како и за предизвиците да се биде дел од Специјалните сили.

4a

Покрај тоа, учесниците го посетија Баталјонот на Воената полиција, каде што беа запознаени со неговата улога, одговорности и главни предизвици.
Последниот дел од официјалната посета беше фокусиран на Баталјонот за врски, каде учесниците на училиштето беа запознаени со нивната работа и нивната техничка опрема.

9a

 

Публикации

youth-thumbnail