Вести:
Tools
You are here: Почетна|Активности|Активности 2008 година|Годишно Собрание на Евро-Атлантски Совет на Македонија
Годишно Собрание на Евро-Атлантски Совет на Македонија PDF Печати Е-пошта
Четврток, 29 Јули 2010 15:03

На 27 август 2008 годинa, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија го одржа Годишното Собрание на кое се донесоа неколку организациски промени како и насоки за идната агенда на организацијата.

За Претседател на Евро-Атлантски Совет на Македонија беше избран Лазар Еленовски, поранешен Министер за одбрана на Република Македонија. Еленовски го водеше Евро-Атлантскиот Совет на Македонија неколку години претходно како негов генерален секретар во периодот 2001 – 2005 година, а потоа и како претседател во 2005 и во 2006 година.

За нови членови на претседателството се избрани Вилма Трајковска, претседателка на Фондацијата „Борис Трајковски”, Сулејман Рушити, пратеник во Собранието на РМ од редовите на ДПА и поранешен министер за образование и наука, Билјана Радева од Министерство за одбрана и Лирие Елези од Министерство за локална самоуправа. На Собранието беа присутни голем број високи гости, меѓу кои беа Амбасадорот на Унгарија, Амбасадорот на Словенија, на Велика Британија, Турција, Шпанија како и воени претставници на Германија. Амбасадорите на Велика Британија, Словенија и Турција се обратија на Собранието, изразувајќи ја нивната поддршка за работата и мисијата на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија како и за целокупниот процес на евро-атлантските интеграции на земјата.

 

 

Публикации

youth-thumbnail