Вести:
Tools
You are here: Почетна|Активности|Активности 2008 година|54-то Генерално Собрание на Светската Атлантска Асоцијација (АТА)
54-то Генерално Собрание на Светската Атлантска Асоцијација (АТА) PDF Печати Е-пошта
Четврток, 29 Јули 2010 15:28

10 – 12 ноември 2008 година, Берлин

Од 10 -12 ноември 2008 година делегација на Евро-Атлантски Совет на Македонија предводена од претседателот Лазар Еленовски зема учество на 54-то Генерално Собрание на Светската Атлантска Асоцијација (АТА) во Берлин.
Секоја година Светската Атлантска Асоцијација (АТА) се собира на годишното Генерално Собрание. Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, како асоцијативен член на Атлантската Асоцијација (АТА) кој остварува и широка меѓународна соработка во самата АТА, со нејзините членови – националните атлантски организации, во регионални и меѓународни иницијативи и со структурите на НАТО и ЕУ редовно присуствува со своја делегација на овој настан. Овогодинешното Собрание го отворија германскиот канцелар Ангела Меркел и генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер.

Во рамките на АТА Генералното Собрание, Еленовски се обрати на 12 ноември како еден од излагачите на Трансатлантскиот форум за предизвиците на
евро-атлантската интеграција на Македонија и на регионот, како и за иднината на НАТО.
Темите за кои зборуваше Еленовски во своето обраќање беа иднината на регионот на Југоисточна Европа како дел од евро-атлантското семејство, потребата од зајакнување на трансатлантската врска помеѓу Европа и Северна Америка како и предизвиците на НАТО во поглед на неговото реформирање за да се соочи со новите безбедносни процеси и закани во светот.

 

Публикации

youth-thumbnail