Вести:
Tools
You are here: Почетна|Активности|Активности 2009 година|Проштална церемонија за Генералниот Секретар на НАТО
Проштална церемонија за Генералниот Секретар на НАТО PDF Печати Е-пошта
Петок, 30 Јули 2010 10:43

По повод прошталната посета на Република Македонија на Генералниот Секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија одржa проштална церемонија на 8-ми мај 2009, каде на Генералниот Секретар, претседателот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, Лазар Еленовски му врачи благодарница и подарок за долгогодишната поддршка и партнерството од страна на НАТО кон Атлантската Асоцијација и Евро-Атлантскиот Совет на Македонија како дел од неа во спроведувањето на мисијата за имплементирање на евро-атлантската идеја и вредности во македонското општество.

Лазар Еленовски му врачи благодарница Јап де Хоп Шефер

Генералниот Секретар на НАТО ја изрази својата поддршка  за напорите на АТА и на граѓанското општество да го приближат НАТО до јавноста и за давањето информации за вредностите и мисијата на Алијансата и ја потенцираше важноста на ваквите иницијативи кои се одраз на дебатата и поддршката за НАТО, затоа што доаѓа од важен сегмент од општеството, не само од владините претставници.

Во благодарницата, ЕАСМ ја изрази својата почит и благодарност кон Генералниот Секретар за неговите напори и постигнатиот успех во промовирањето и трансформирањето на Алијансата и нејзината мисија за зачувување на мирот, стабилноста, човечките права и владеењето на законот.

 

 

Публикации

INTER