Вести:
Tools
Нов НАТО сектор за справување со новите безбедносни предизвици PDF Печати Е-пошта
Среда, 01 Септември 2010 09:33

Новиот НАТО сектор во рамките на НАТО Меѓународниот штаб е создаден за да се справи со растечкиот број на нетрадиционални ризици и предизвици. Секторот за новите безбедносни предизвици (The New Emerging Security Challenges Division) ја започна својата работа на почетокот на август и главно ќе се фокусира на тероризмот, пролиферацијата на оружјето за масовно уништување, сајбер-одбраната и енергетската безбедност.
Новиот сектор на НАТО ќе му даде можност со стратешка анализа да ги следи и предвиди меѓународните случувања кои може да влијаат врз безбедноста на Алијансата.

ESCD секторот спојува неколку различни насоки за експертиза кои веќе постојат во различни делови во Штабот на НАТО. Спојувањето на оваа работа во еден сектор ќе понуди поголема фокусираност и видливост.
Создавањето на ваквиот сектор ја потврдува определбата да се постават новите, нетрадиционални безбедносни предизвици во центарот на вниманието на Алијансата.

 

Публикации

scholl dizajn web