Авион на НАТО со повеќе хуманитарна помош во Пакистан Печати
Среда, 01 Септември 2010 09:36

Антонов 124 транспортен авион полета во петокот, 27ми август од германскиот аеродром Лајпциг/Хале, носејќи 100 тони добра за помош во Исламабад. Авионот ќе испорача генератори за електрична енергија и резервоари за вода донирани од Германија, како и храна за бебиња донирана од невладина организација. Транспортниот авион е придонес од Германија ја севкупните напори на НАТО да пренесе хуманитарна помош во Пакистан преку воздушен пат.

За време на викендот уште еден транспортен авион на НАТО Воздушните сили за рано предупредување и контрола (AWACS) беше планиран да полета од воздушната база во Германија за Исламабад. Треба да пренесе околу 16 тони хуманитарна помош донирани од невладините организации во која има и генератори за електрична енергија, чамци, храна и облека.

Северно – Атлантскиот Совет изминатиов месец одлучи да обезбеди пренос преку воздушен и воден пат на помошта донирана од народите и организациите за хуманитарна помош, како одговор на барањето од Владата на Пакистан.