Генералниот секретар ги претстави приоритетите за Самитот во Лисабон Печати
Петок, 17 Септември 2010 13:06

Андерс Фон Расмусен На 15-ти септември, Генералниот секретар на НАТО Андерс Фон Расмусен ги претстави приоритетите на НАТО за ноемврискиот самит на претседателите на државите и владите во Лисабон. Обраќајќи се на медиумите во штабот на НАТО, Расмусен изјави дека главен приоритет во Лисабон ќе биде постигнувањето на договор во врска со Новиот Стратешки Концепт на НАТО.

Сојузниците ќе имаат шанса да го дискутираат нацртот на заедничка средба на министрите за одбрана и надворешни работи која ќе се одржи на 14-ти октомври.

Дискусијата ќе се одвива околу прашањето за тоа кој е најдобриот начин да се одговори на модерните закани за НАТО, вклучувајќи го тука и идентификувањето на најефикасните мерки за сајбер и проектилна одбрана; околу тоа што може НАТО да научи од оперативните искуства како она во Авганистан и понатамошното проширување на програмите за партнерство на НАТО. Генералниот секретар, исто така, очекува дека стратешкиот концепт ќе започне процес на постојана реформа која ќе им овозможи на даночните обврзници на НАТО да го добијат најдоброто за своите пари преку, на пример, заеднички програми и заеднички набавки.

Втората главна тема на агендата на Самитот е Авганистан. Генералниот секретар предизвика скептични погледи за напредокот во Авганистан објаснувајќи дека Талибанците се под притисок низ целата земја и дека иако стратегијата на НАТО не е ниту лесна ниту брза, постигнува сигурен напредок за да им овозможи на Авганистанците сами да се грижат за својата безбедност. Тој потенцираше дека Владата на Авганистан и НАТО сега имаат јасни политички и безбедносни критериуми за да ја започнат транзицијата на авганистанското водство во првата половина на 2011: „На конференцијата во Кабул одржана во јули, целата Меѓународна заедница се согласи дека преземањето водството од страна на Авганистан ќе започне наредната година, со цел да се прошири низ целата земја до 2014 година“ – рече Расмусен.

Генералниот секретар очекува Самитот во Лисабон да го поддржи и започне процесот на транзицијата. Понатаму, се очекува на Самитот да се започне долгорочно партнерство меѓу НАТО и Авганистан кое ќе продолжи и по завршувањето на воената мисија на НАТО во Авганистан. „- Многу е важно за Авганистанците, но и за земјите од регионот да разберат дека поддршката на НАТО за Авганистан ќе трае долго време“ – изјави Расмусен.

Според генералниот секретар, третиот клучен приоритет ќе биде „да се стави нова енергија во практичната соработка со Русија“. Има области од заеднички интерес каде НАТО и Русија може заедно да работат: Авганистан и борбата против дрога, анти-тероризмот, пиратството, ширењето на оружје и проектилна заштита за нашите трупи. Расмусен ја објасни својата надеж дека НАТО ќе може да соработува со Русија за проектилната заштита во Европа. На 17-ти септември во Рим тој ќе има и свое обраќање за односите на НАТО и Русија.

(преземено од www.nato.int)