Вести:
Tools
Еленовски на бизнис форум во Косово PDF Печати Е-пошта
Вторник, 12 Октомври 2010 09:21

Претседателот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, Лазар Еленовски во периодот од 6-ти до 7-ми октомври, присуствуваше на Меѓународниот Бизнис Форум кој се одржа во Приштина.

На Форумот се дискутираше на повеќе теми, меѓу кои инфраструктурата, информатичката технологија и комуникациите, трговските односи, како и Косово и Балканот пред Самитот на НАТО во Лисабон. Една од сесиите ја покри и темата за одбраната, безбедноста.

Меѓу присутните беа и премиерот на Косово, Хашим Тачи, претставници од косовските министерства, како и претставници од Атлантските асоцијации од регионот. Гостите имаа можност да остварат средби и со потенцијални бизнис партнери и клиенти.

Претседателот Еленовски зборуваше за искуството на Република Македонија на патот кон евро-атлантските асоцијации, за безбедноста на регионот и за очекувањата од претстојниот Самит на НАТО.

 

Публикации

youth-thumbnail