Вести:
Tools
Министрите на НАТО го дискутираат новиот Стратешки Концепт PDF Печати Е-пошта
Четврток, 14 Октомври 2010 14:41

Министрите за одбрана и надворешни работи денес ги започнаа своите подготовки за агендата за своите претседатели и премиери коишто ќе се сретнат на претстојниот НАТО Самит во Лисабон на 19-ти и 20-ти ноември, да ги постават насоките за Алијансата за наредната декада и за реформите на организацијата.

Агендата за средбите во Брисел ќе се фокусира на новиот Стратешки Концепт на НАТО, проектилната одбрана и реформите. Во својот поздравен говор, Генералниот секретар на НАТО Андерс Фон Расмусен изјави дека „почнувајќи од денес и во текот на наредните неколку недели, ќе го формираме и ќе усвоиме новиот Стратешки Концепт“.
Тој нагласи дека новиот Стратешки Концепт ќе ја води Алијансата во наредната декада. „Мошне е важно да сфатиме дека главната мисија на НАТО е заштитата на 900 милиони жители на НАТО земјите и тоа не смее никогаш да се промени. Сепак, против модерните закани мора да има имаме и медерна одбрана“.

Проектилна одбрана
Во министерските расправи за проектилната одбрана, Генералниот секретар нагласи дека мора да се донесе одлука ако сакаме НАТО да биде способна да ја брани цела Европа од заканите од проектилни напади.
„Заканата е јасна. Имаме капацитет. И трошоците може да се поднесат. Јас верувам дека можеме и дека треба да ја направиме проектилната одбрана за Европа дел од способностите на НАТО“ – изјави Расмусен.

Реформи
За НАТО реформите Генералниот секретар изјави дека подобра безбедност може да се обезбеди само ако земјите членки дејствуваат заеднички. Расмусен исто така изјави дека командната структура на НАТО и агенциите имаат потреба од реформа и дека сојузниците треба да купуваат заеднички повеќе опрема којашто не можат самите да си ја дозволат.  - -- Помалку инфраструктура, поефективни штабови, повеќе распоредливи сили, кратење на националните буџети за одбрана – тоа ни е потребно во Алијансата. Ни треба јасна агенда според која ќе ги водиме реформите на НАТО низ овој период на финансиска криза – заклучи Расмусен.

 

Публикации

simulacija5