Вести:
Tools
Делегација на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија на Rose-Roth Семинарот во Скопје PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 18 Октомври 2010 14:24

Во периодот од 19-21 октомври делегација на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија ќе присуствува на 75-от Rose Roth семинар на Парламентарното собрание на НАТО.

Семинарот е со наслов „Југоисточна Европа: креирајќи го новиот моментум“, на кој ќе присуствуваат околу 140 учесници вклучувајќи и 48 членови на парламентот на НАТО и земјите партнери на НАТО, владини претставници, еминентни експерти, меѓународни организации и академици.

На семинарот ќе се дискутира на повеќе теми меѓу кои и за искуството на Република Македонија во спречувањето конфликти и градењето на мултиетничка држава.

 

Семинарот ќе ги опфати и прашањата за реформите на Западен Балкан и улогата на НАТО во овој регион по Лисабонскиот Самит. За очекувањата и перспективите ќе зборуваат еминентни експерти.

Целта на семинарот е да се дискутира дали динамиката во регионот е доволна за да овозможи новиот позитивен моментум да се интегрира во домашните реформи.

 

Публикации

INTER