Вести:
Tools
НATO симулација, 11 декември 2010 година, Скопје PDF Печати Е-пошта
Вторник, 23 Ноември 2010 13:51

Во рамки на глобалната безбедносна дебата за НАТО Стратешкиот Концепт кој се усвои на Самитот на Алијансата во Лисабон, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (ЕАСМ) во изминатата година презема повеќе активности со цел да даде придонес кон овој процес.

Во таа насока, ЕАСМ ќе го спроведе проектот „Пост – Лисабон: Ново НАТО за Новата Ера – Стратешки Концепт 2010“ во рамки на кој организира симулација наменета за студентите на факултетите во Република Македонија.


Симулацијата претставува младински самит на кој ќе се симулира Самит на Алијансата на кој ќе се усвои Стратешки концепт за идните цели и мисии на Алијансата. Настанот има високо едукативен карактер со оглед на фактот дека им овозможува на студентите одблиску и подлабоко да се запознаат со прашањата на НАТО, безбедноста и меѓународната политика.  

Учесниците на симулацијата е потребно да бидат студенти во трета или четврта година на студии со интерес за прашањата на безбедноста, меѓународните односи и НАТО. Симулацијата претставува интерактивен настан и за него студентите потребно е да се соодветно подготвени за прашањата за НАТО, безбедноста како и за национални прашања поврзани со земји членки на НАТО.

Заинтересираните кандидати потребно е да се пријават во ЕАСМ најдоцна до 30.11.2010 година до 13.00 часот, на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и во прилог да достават кратка биографија и писмо на мотивација за учество на настанот.

Настанот е поддржан од страна на НАТО Секторот за јавна дипломатија, Брисел.

 

 

 

Публикации

youth-thumbnail