Вести:
Tools
Соопштение за време на Самитот на НАТО во Лисабон PDF Печати Е-пошта
Петок, 19 Ноември 2010 00:00

Денес во Лисабон започнува Самитот на НАТО, најголемата безбедносна алијанса во историјата на човештвото. Самит на кој ќе се усвои новиот Стратешки концепт на Алијансата, кој ќе ја одреди новата улога и функција на  Алијансата во глобализираниот свет во кој човештвото живее во 21 век.

Самитот ќе ги дефинира новите глобални безбедносни предизвици и начините како сојузниците ќе се справуваат со нив. Тој ќе отвори историска страница на сојузништво со Русија, нешто што до пред само неколку години беше невозможно. Ќе овозможи формирање на ракетен штит за одбрана на Европа од заканите кои доаѓаат од Азија. Ќе отвори нови можности за партнерства ширум светот со држави и меѓународни организации. Но исто така ќе ја постави насоката за идната воена трансформација и политичка реформа во самата организација.

За Република Македонија која веќе две ипол години се наоѓа пред вратите на НАТО овој Самит, кој и не е Самит за проширување, ќе помине како и двата претходни. Членството на Македонија во НАТО беше и останува стратешка цел за државата и прашање на општ национален консензус.

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија смета дека не постои ништо побитно за Македонија и нејзините граѓани од членството на Македонија во НАТО, бидејќи предностите од НАТО членството во поглед на прашањето на безбедноста на државата, демократскиот и економскиот развој и животниот стандард на граѓаните се огромни, како што беше примерот во сите новопримени членки од Источна Европа. Членството на Македонија во НАТО ќе значи потврда на нејзината државност и идентитет.

 

 

Публикации

simulacija5