Вести:
Tools
Тркалезна маса: По-Лисабон: Ново НАТО за новaта ера Стратешки Концепт 2010 PDF Печати Е-пошта
Среда, 08 Декември 2010 12:06

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија како продолжение на својата работа на Стратешкиот Концепт 2010 усвоен на Лисабонскиот Самит на НАТО и со цел реализација на активности за пост-лисабонската дебата организира тркалезна маса под наслов:

"По Лисабон: ново НАТО за новата ера: Стратешки Концепт 2010“

Дебатата ќе се фокусира на постигнувањата на Самитот на НАТО во Лисабон, значењето на Стратешкиот Концепт 2010 во глобален контекст, како и ефектите на овој документ за Република Македонија.   

Воведничари на дебатата ќе бидат:

- г-дин Лазар Еленовски, претседател на Евро-Aтлантскиот Совет на Македонија,
- г-дин Абдулкадар Мехмеди,  Државен Секретар во МНР на Р.Македонија,
- Н.Е. Симоне Филипини, Амбасадор на Кралството Холандија во Р.Македонија,
- г-ѓа Барбара Маронкова, претставник од  НАТО, Сектор за јавна дипломатија.

Со свое излагање ќе земат учество

- Н.Е Кристофер Ивон, Амбасадор на Кралството Велика Британија во Р.Македонија,
- H.Е Жан Клод Шлумбергер, Амбасадор на Република Франција, во Р.Македонија,
- Н.Е Алан Брајан Бергант, Амбасадор на Република Словенија, во Р.Македонија,
- г-дин Јован Mанасијевски, пратеник во Собрание на Р.Mакедонија и поранешен министер за одбрана,
- д-р Методи Хаџи Јанев, професор на Воена Академија,
- г-дин Исмет Рамадани потпретседател на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија,
- г-дин Ризван Сулејмани потпретседател на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија,
- г-дин Стево Пендаровски професор на Американ Колеџ –Скопје.

Тркалезната маса ќе се одржи на 10 декември 2010 година (петок) во хотел Стоунбриџ во Скопје со почеток во 12.00 часот.

Настанот е организиран во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, НАТО  контакт амбасада и Штабот на НАТО во Македонија.

Настанот е поддржан од НАТО Секторот за јавна дипломатија во Брисел.

 

 

 

 

Публикации

youth-thumbnail