Вести:
Tools
НАТО САМИТ Студентска Симулација, 11 декември 2010 година PDF Печати Е-пошта
Петок, 24 Декември 2010 16:16

Во рамки на проектот за Стратешкиот Концепт на НАТО 2010 „Пост – Лисабон: Ново НАТО за Новата Ера – Стратешки Концепт 2010“ Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (ЕАСМ) организираше симулација наменета за студентите на факултетите во Република Македонија.

Настан од овој вид се организираше за првпат во Република Македонија и има за цел да стане традиционален настан на ЕАСМ и Младината на ЕАСМ.
Симулацијата беше со високо едукативен карактер со оглед на фактот дека им овозможи на студентите одблиску и подлабоко да се запознаат со прашањата на НАТО, безбедноста и меѓународната политика.  
Учесниците на состанок на формат на Северноатлантски Совет дебатираа за различни прашања за идната работа и миси на НАТО. Состанокот заврши со усвојување на Декларација за идните цели и мисии на Алијансата.



Учесници на симулацијата беа студенти на додипломски и постдипломски студии од факултетите од областа на правни и политички науки, безбедност и меѓународни односи од универзитетите во Република Македонија.
Специјални учесници на настанот беа Барбора Маронкова од НАТО и Џузепе Белардети, претседателот на Младината на Атлантската Асоцијација.



Настанот се организираше во соработка со Холандската амбасада во Република Македонија, актуелна НАТО контакт амбасада и НАТО Штабот во Скопје.
Проектот е поддржан од НАТО Секторот за јавна дипломатија, Брисел.

 

Публикации

youth-thumbnail