Вести:
Tools
You are here: Почетна|Активности|Балкан Мозаик|Активности|Прв Софиски Состанок на Балкан Мозаик
Прв Софиски Состанок на Балкан Мозаик PDF Печати Е-пошта
Четврток, 15 Јули 2010 00:00

Менување на безбедносните концепти во Централна и Југоисточна Европа
Првиот Софиски состанок во рамки на Фоумот за безбедност на Централна и Југоисточна Европа се одржа 17-19 февруари 2005 година во Софија. На состанокот се собраа учесници од АТА, атлантските асоцијации од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Данска, Македонија, Србија, Црна Гора, Романија и Косово.

Состанокот беше организиран од NATO Information Centre - Sofia, Euro Atlantic Education Initiative, институтот Отворено општество и Дипломаткиот институт при Министерството за надворешни работи на Бугарија во соработка со Атлантската Асоцијација, Данската атлантска асоцијација, Casa NATO – Романија и
Евро-Атлантскиот Клуб на Македонија.

Состанокот се одвиваше во две сесии. Првата сесија на состанокот беше посветена на прашањето на мрежните партнерства и институционалните релации: перспективите за регионален дијалог засновани на стратешко разбирање на Европската и Трансатлантската интеграција. Вторатасесија беше посветена на прашањата поврзани со безбедносното опкружување: нови предизвици и иден развој.

На состанокот беше усвоена Првата Софиска Декларација за менувачките безбедносни концепти која ги вклучува задачите за секој вклучен во Форумот за безбедност.

 

Публикации

youth-thumbnail