Вести:
Tools
You are here: Почетна|Активности|Балкан Мозаик|Активности|Втор Софиски Состанок на Балкан Мозаик
Втор Софиски Состанок на Балкан Мозаик PDF Печати Е-пошта
Вторник, 20 Јули 2010 00:00

Евро-Атлантската иднина на Западниот Балкан како клучен фактор за зајакнување на безбедноста во регионот

Вториот Софиски состанок во рамките на Форумот за безбедност на Централна и Југоисточна Европа – Балкан Мозаик како продолжение на Првиот Софиски состанок се одржа на 10 мај 2005 година во Софија. На овој состанок се собраа учесници од Атлантската Асоцијација, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Данска, Македонија, Романија, Србија и Црна Гора, Хрватска и УНМИК – Косово.

 

NATO Information Centre - Sofia, Euro-Atlantic Education Initiative, Институтот Отворено општество и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија во соработка со Атлантската Асоцијација, Данската Атлантска Асоцијација, Casa NATO – Романија и Евро-Атлантскиот Клуб на Македонија го организираа овој настан.   

Состанокот се одвиваше во две сесии: Евро-атлантската иднина на Балканот како клучен фактор за засајкнување на безбедноста во регионот и Регионалната соработка во услови на глобализација: Европска перспектива.

Учесниците работеа во неколку тркалзени маси:  
·    Демократија и човекови права
·    Економски развој и инфраструктура: општествена и економска кохезија
·    Реформи на одбранбениот и безбедносниот сектор, гранична безбедност и управување

На Вториот Софиски состанок беше усвоена Втората Софиска Деклрација за менувачките безбедносни концепти во Централна и Југоисточна Европа: Акционен План.

 

Публикации

youth-thumbnail