Вести:
Tools
You are here: Почетна|Активности|Балкан Мозаик|Балкан Мозаик Newsletter
Балкан Мозаик Newsletter
Билтен - Балкански Мозаик PDF Печати Е-пошта

Како еден од основачите на Форумот за безбедност на Централна и Југоисточна Европа, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија во 2005 и 2006 година го издаваше билтенот - Balkan Mosaic Newsletter преку кој работеше на создавање на Форум за развивање на дијалог за безбедностите предизвици преку јавни дебати.

Билтенот успеа да развие дебата за регионалните безбедносни концепти, новата демократска реалност и евро-атлантските патишта на земјите од регионот. Билтенот успеа да излезе од регионалните рамки и да ги разработи прашањата на глобалните безбедносни предизвици.

Овој проект стана привлечен за многу експерти, државни претставници, истражувачи и млади луѓе кои и се прикучија на дебатата која ја започна Balkan Mosaic. Покрај овие, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија вклучи и млади лидери од регионот кои се вклучија во Форумот.

Изданието се дистрибуираше до високи државни и дипломатски претставници во земјите членки на Форумот, атлантските асоцијации, НАТО, ЕУ, Европската Комисија и други значајни институции во светот.

 

Изданијата на билтенот може да се преземат овде

 


Публикации

simulacija5