НАТО Студентска симулација: Состанок на НАТО министрите за надворешни работи Печати
Сабота, 07 Април 2012 00:00

На 1.10.2011 МЕАСМ организираше втора НАТО Студентска Симулација во Македонија – НАТО проширување и Западен Балкан.

Настанот беше практично симулација на НАТО состанок на министрите за надворешни работи на која се дискутираше за НАТО проширување, НАТО политиката на отворени врати (Член 10 од Вашингтонскиот договор) како и за покана за членство на моменталните земји аспиранти БиХ, Македонија и Црна Гора.

НАТО студентската симулација беше младински проект и рефлектираше сценарио на вистински состанок на Северно Атлантскиот Совет во формат на министри за надворешни работи.

Учесниците во симулацијата беа студенти од универзитетите во Македонија кој беа адекватно подготвени за симулацијата, претставувајќи ги земјите членки на НАТО, земјите аспиранти, новинари и меѓународни организации.

Специјални гости за симулацијата беа Лазар Еленовски, Претседател на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија, Нејзината Екселенција г-ѓа Мариа Шурман, Амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија и НАТО контакт амбасада и про – ректорот на ЈИЕ Универзитетот Абдулменаф Беџети кој и му се обрати на присутните на отворањето. Оваа година симулацијата имаше и интернационален карактер. Јенс Кристиан Овергаард, претседателот на YATA Данска кој ја имаше улогата на Генерален Секретар на НАТО и претставници од Црна Гора и БиХ, кои ги имаа улогите на министри за надворешни работи на нивните земји. Гостите имаа голем удел во симулацијата и без нивното учество настанот немаше да биде успешен.

МЕАСМ беше првата организација што организираше НАТО Студентска Симулација во земјата (сега веќе организирани две симулации и вклувајќи симулацијата во Косово три) и земајќи го во обзир интересот помеѓу учесниците и набљудувачите и импресии од НАТО Сектор за јавна дипломатија има перспректива да прерасне во традиционален проект на МЕАСМ.

Брошура