Вести:
Tools
Генерален секретар PDF Печати Е-пошта

viktor andonov

Виктор Андонов
е роден на 12 јуни 1981 година во Штип. Високото образование го завршил на електротехничкиот факултет во Скопје, насока електроенергетика во 2006 година, а магистрирал на истата насока во 2011 година. Тој е член на ЕАСМ од 2004 година како дел од младината. Во периодот меѓу 2007 – 2010  е претседател на младите на ЕАСМ. Во овој период е активно вклучен во организирањето на многу проекти, меѓу кои и Балкан НАТО Бус, НАТО неделата, Меѓународниот семинар во Струга, младинската лидерска мрежа, НАТО настани.  Како проект координатор работел и на “Младинскиот безбедносен форум 2007” во Струга, поддржан од НАТО Секторот за јавна дипломатија како дел од “НАТО ЕАПС безбедносниот форум” во Охрид.  На меѓународно ниво тој учествувал на Самитот за млади атлантисти во Букурешт 2008 година како дел од НАТО самитот. Исто така учествувал и на годишните АТА собранија во Атина и Отава, 2006 и 2007 година и на многу регионални конференции меѓу кои и “НАТО и ЈУЕ ” во Шипањ 2007 и 2008 година, “Градење на посилно цивилно општество” во Сараево 2007 година, “БиХ и евро – атлантската интеграција”, Бања Лука 2008 година.

Од јуни 2014 година, г-дин Виктор Андонов е генерален секретар на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија и член на претседателството. 

 

 

 

 

Публикации

simulacija5