Вести:
Tools
Претседател PDF Печати Е-пошта

ismet ramadani
Исмет Рамадани
е роден на 4 јануари 1954 година во Скопје. Долготрајната и богата кариера опфаќа многу лични и професионални достигнувања во неколку сектори. Својата кариера г-дин Рамадани ја започнал професор по хемија во средното училиште “Зефљуш Марку”. Подоцна продолжува и како директор на истото училиште.

Во 1990та година ја започнува и својата политичка кариер како основач на Партијата за демократски просперитет (ПДП). Во 1990 година, г-дин Рамадани ја започнува и својата парламентарна кариера, со добивањето на првиот мандат 1990 – 1994. Парламентарната кариера на г-дин Рамадани е вкупно 16 години, низ четири мандати (1990 – 1994; 1994 – 1998; 1998 – 2002; 2002 - 2006). Низ својата парламентарна кариера г-дин Рамадани учествува и во работата на многу парламентарни комисии меѓу кои: Комисијата за одбрана и безбедност и Комисијата за меѓуетнички односи во првиот мандат, Потпретседател на комисијата за меѓуетнички односи во вториот мандат, Претседател на Комисијата за екологија, млади и спорт во третиот мандат и член на Уставната комисија во четвриот мандат. Тој исто така е член и на парламентарната делегација на Република Македонија во Интерпарламентарната Унија од 1993 – 1998 и 2002 – 2006. Во 2008 година, г-дин Рамадани е и Советник за меѓуетнички односи на Градоначалникот на Град Скопје. Од 2009 до 2014 година г-дин Рамадни е член на Комисијата за помилување на Претседателот на Република Македонија.

Паралелно со својата парламентарна кариера, г-дин Рамадани  е и активен член и придонесува во работата на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија. Од 2009 година, тој е и потпретседател на ЕАСМ. Има значаен придонес во сите активности на ЕАСМ како на домашна така и на меѓународна сцена.

Во јуни 2014 година, г-дин Исмет Рамадани е избран и за претседател на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија.

 

 

 

 

Публикации

simulacija5