Генерален секретар Печати

ilija gen

Илија Џугуманов
 е роден во Скопје каде што дипломира политички науки на Правниот факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ каде што продолжува со магистерски студии на тема “Решавање на конфликти“, програма од Универзитетот во Гетеборг (Заедничка програма ТЕМПУС).

Од јануари 2012 година тој е претседател на Младината на Евро-Атлантскиот Совет (ЈАТА Северна Македонија).

Како голем промотор на регионалната соработка и атлантизмот, во февруари 2013 година во Рим тој беше избран за потпретседател за јавна дипломатија и на наредното Генерално Собрание во 2014 година во Брисел, беше реизбран за потпретседател за комуникација на Меѓународната ЈАТА во Брисел. За време на неговиот мандат ја основаше Југо-источната работна група што обединува 8 земји кои работат на регионални проекти. Исто така, тој го основаше и беше главен уредник на регионалниот журнал SEE Review - поддржан од НАТО и АТА.

По две години на највисоката позиција за земја партнер на НАТО во Меѓународната ЈАТА , Џугуманов фокусот го стави на земјата и на регионот, па затоа беше избран за член на Претседателството на АТА Северна Македонија во мај 2014 година и од јануари 2021 година, тој беше избран за Генерален Секретар на АТА Северна Македонија.

Медиумите од балканскиот регион честопати го контактираат Џугуманов во врска со младински, безбедносни и одбранбени проблеми. Досега работел како Директор на Проекти со НАТО ПДД, ГЛОБСЕК, Форум Кранс Монтана, Парламентарно Собрание на НАТО, Меѓународната АТА, СПС на НАТО, неколку воени академии, ЈАГЕЛО и др.