Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Говори|Соработување за безбедност во Западен Балкан
Соработување за безбедност во Западен Балкан PDF Печати Е-пошта
Вторник, 25 Декември 2012 12:15

Драги учесници, дами и господа,

Навистина сум почестен што можам да присуствувам на оваа конференција и на самиот почеток би сакал да ги искажам моите честитки и благодарност на организаторите кои тука навистина направиле одлична работа. Се чувствувам особено привилегиран што сум дел од овој убав избор на учесници и што можам да дискутирам за важни теми како оваа што е избрана за денешната конференција.

Земјите од Југо-Источна Европа очигледно многу се променија во изминатите две декади и тоа се должи на демократизацијата на нивните институции и општества. Овие општествено-политички реформи ја наметнаа потребата да се изградат нови мултидимензионални односи, по форма и содржина.

Кога зборуваме за мултидимензионалната соработка, мора да го земеме предвид фактот дека земјите од регионот веќе ги ставија своите потписи на бројни мултилатерални договори и акти и се посветија на демократските вредности и критериуми и на евро-атлантските стандарди. Овие вредности главно се посветени на мирот и стабилноста во регионот, принципите на либералната демократија, слободната пазарна економија, мултилатералната надворешна политика и меѓународните закони.

Покрај општите интереси, земјите од Југо-Источна Европа имаат и специфични заеднички интереси. Без сомнеж, централно место во овие интереси зазема нивната стратешка одлучност за интеграција и придонес кон евро-атлантските структури.

Денес, повеќе од кога било, интеграцијата во евро-атлантските структури претставува клучна гаранција за мир, безбедност и целосен развој на секоја земја-членка, како и регионот како целина. Во современиот свет, ние сме сведоци дека националната сигурност на една земја не може да се набљудува со диоптерот на изолацијата.

Земјите кои минаа по патот на интеграцијата во НАТО или ЕУ како Албанија, Грција, Бугарија, Романија, Унгарија, Хрватска и Словенија служат како најдобар пример за тоа како регионалната соработка го катализира процесот на интеграцијата во евро-атлантските структури.

Република Македонија, земјата од која доаѓам, како и другите земји од регионот кои се стремат кон интеграција, ја имаат предноста од тоа што нивните соседи се веќе членови на НАТО и ЕУ. Во тој поглед, без колебање, треба да ја материјализираме можноста за соработка во рамки на групата А-5 спонзорирана од НАТО со цел да се дојде до побрз и поквалитетен процес на интеграција во нашите земји.

Земјата, натоварена со историскиот багаж на регионот, постојано е свесна за важноста од регионалната соработка како услов и стандард за евро-атлантските интеграции и затоа, значително придонесе кон оваа заедничка одлучност. Многу често, мојата земја иницираше и организираше состаноци на високо ниво на државници од регионот, како и конференции кои пристапуваат кон регионалната соработка. Ако се согласиме за ова, тогаш сосема точно ќе биде ако кажеме дека Македонија е добро насочена кон евро-атлантскиот процес и доаѓа се поблиску и поблиску до целосна интеграција. Штета е да се каже дека ние само се приближуваме, но не стануваме дел од ЕУ.

Отворениот спор со Грција за името сериозно го забавува зачленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО. Фер е да се каже дека владите на Македонија, во процесот на транзиција, не покажаа доволен политички капацитет и сила за носење одлуки за да се реши спорот со името со Грција во рамките на ОН. Во тој поглед, сметам дека со оглед на тоа дека е членка на НАТО и ЕУ, Грција треба да заземе поконструктивна и попрагматична улога за наоѓање компромис. Да се надеваме дека нема да одземе повеќе време од ова што веќе го одзеде, затоа што во изминатиов период веќе сме сведоци на попозитивен пристап од двете страни.

Земјите од регионот кои се стремат да се интегрираат во евро-атлантските структури не треба да очекуваат корист ако сакаат да ги натоварат нивните проблеми на рамената на овие структури кои веќе секојдневно се соочуваат со безброј предизвици. Членството во овие структури нуди дополнителен потенцијал за овие земји-аспиранти во димензија на демократски вредности и безбедност на национално, регионално и глобално ниво. Затоа, секоја контрадикторност меѓу земјите од регионот треба да биде решена во дух на дијалог, соработка и политика за заеднички цели.

Кога се зборува за енергијата како мошне важно прашање за регионот, што се однесува до мојата земја сакам да изјавам дека стратегиската одлучност на Македонија на овој план е примарно да ги стави во функција своите сопствени енергетски ресурси, истовремено користејќи ги енергетските ресурси од фосилните горива на ефективен и економичен начин, како и обновливите ресурси на одржлив начин.

Со цел да се обезбеди сигурноста на енергијата која се добива надвор од македонските граници, како и ефикасното функционирање на пазарот, се преземаат мерки за создавање на интер-конекции за електричната енергија со соседните земји.

Од аспект на безбедноста на снабдувањето со природен гас на земјите од регионот и надвор, се потпиша меморандум меѓу швајцарската компанија ЕГЛ и владите на Р. Италија, Р. Албанија и Р. Македонија за реализација на транс-јадранскиот гасовод ТАП.

Безбедноста на снабдувањето енергија веќе станува еден од најзначајните фактори на геополитичката стабилност во глобални рамки. Поради тоа, ова прашање заслужува приоритет и сеопфатен третман. Ниту една земја не може сама да постигне безбедност на снабдувањето со енергија. За безбедноста на снабдувањето со енергија потребна е силна соработка со соседните земји, со земјите од регионот и со земјите во кои системите за транспорт и снабдување со енергија се добро поврзани, како и земјите со кои ги споделуваме енергетските пазари.

На самиот крај, од името на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, би сакал да додадам дека силните и блиски билатерални односи меѓу земјите може позитивно да влијаат врз интензивирањето и проширувањето на регионалната соработка на други полиња. Сето ова ќе придонесе кон постабилни, подобро развиени и подобро интегрирани евро-атлантски структури. Очигледно, дојде денот кога лекциите од несогласувањата и човечките трагедии служат како одличен пример за денес и утре да ја видиме светлата страна на соработката и заедничката работа за доброто на сите.

Ви благодарам за вниманието.

ИСМЕТ РАМАДАНИ

Потпретседател

Превод од англиски јазик:

Стефанија Маџоска

 

Публикации

scholl dizajn web