ОМАЖ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ |
![]() |
![]() |
![]() |
Понеделник, 15 Јули 2013 09:25 |
По повод неговиот 57-ми роденден Почитувана Вилма, Ние денес сме тука да го чествуваме нашиот драг Претседател Трајковски по повод неговиот 57-ми роденден. Колку би сакале да славевме со него заедно не само родендени, туку и други среќни моменти, а не ден кога засекогаш да се прашуваме: Како и зошто загина тој и неговите најблиски соработници? Денес го славиме неговиот роденден, но истовремено жалиме што не е тука меѓу нас. Како јас го познавав Претседателот Трајковски? 23 години сум во политиката (16 години како пратеник). Учесник и сведок сум на многу настани кај нас и низ целиот свет. Верувајте ми, никогаш и никаде во светот на политиката не сум сретнал толку добар и искрен човек како Претседателот Трајковски. После секоја средба со него, внатре во душата се прашував, можно ли е нашиот Претседател да е само човек, да не е нешто повеќе, човек благословен од Господ? Во него како Претседател на Република Македонија, истовремено се рефлектираат ликовите на претседателите Аденауер, Кенеди и Обама. Како Аденауер: проблемот колку и да е сложен, тој сакаше да го поедностави и реши. Како Обама: ги сакаше и почитуваше сите луѓе без разлика на нивната вера, нација и раса. Затоа Претседателот Трајковски имаше граѓански и мултиетнички легитимитет. Борис Трајковски беше Претседател кој имаше многу пријатели, тука и во светот. Неговото лично пријателство со политичари на моќни држави и меѓународни институции беше многу корисно во тешки времиња за Република Македонија. Претседателот Трајковски со неговите моќни пријатели ја спаcи Македонија од граѓанска војна во 2001 година. Тој беше иницијатор и двигател на целиот процес кој резултираше со мир и договор. Го донесе мирот на почетокот на конфликтот, а не на крајот на една крвава војна, како што беше случајот со БиХ, Хрватска и Косово. Неговото лично пријателство со Лордот Робертсон (тогаш генерален секретар на НАТО) и Хавиер Солана (висок претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија) направи тие за време на конфликтот во 2001-ва да дојдат десетина пати во македонија. Се сеќавам, на една меѓународна конференција на атлантисти во Единбург во Шкотска на која говореше и Лордот Робертсон, го прашав јавnо која беше причината за неговото често доаѓање во Македонија за време на конфликтот. Ми одговори: Меѓудругото, и поради мојот пријател Претседателот Трајковски. Претседателот Трајковски беше голем мировник и атлантист. Со него на чело, денес Македонија сигурно ќе беше членка на НАТО и ЕУ. Тој со неговите пријатели ќе ја завршеа работата побрзо и подобро за Република Македонија. Како верник со голема човечка доблест, организираше во издание на Република Македонија во стилот на американските претседатели „утринска молитва“ со државници, конгресмени и парламентарци од целиот свет. За време на конфликтот, толку беше загрижен што со влажни очи и сува уста при секоја средба ми велеше: мораме да ги убедиме тие од УЧК и моите јастреби дека не треба да гинат млади луѓе за проблеми кои се решаваат со дијалог. За жал, гинеа луѓе и тогаш кога мирот и договорот беа на повидок. Но, тој успеа, нас ни го донесе мирот и договорот, а тој си отиде вечно да си го пронајде својот мир и да си ја одмори душата. Многумина од нас сакавме и сакаме да бидеме исти како него. Но, да бидеме скромни, доволно е да бидеме барем слични на него. Наш незаборавен Претседател Борис Трајковски, голем човеку - Честит роденден! ИСМЕТ РАМАДАНИ
|