Вести:
Tools
You are here: Почетна|Медиа Центар|Говори|Говор на полковник Александар Александров, по повод Денот на НАТО – 4 април
Говор на полковник Александар Александров, по повод Денот на НАТО – 4 април PDF Печати Е-пошта
Четврток, 10 Април 2014 11:08

IMG 0053Почитуваниот министер за одбрана,
Почитуван г-дин Рамадани,
Почитувани членови на Евроатлантскиот совет,
Почитуван г-дин Муцунски и други претставници на министерството за надворешни работи,
Почитувани колеги,
Дами и господа,

 

Ви благодарам за поканата да учествувам во овој настан, организиран од Евроатлантскиот совет по повод денот на НАТО. Денес се одбележува 65 годишнината од основањето на Алијансата и тоа е повод уште еднаш да ја прославиме нејзиното ексклузивно и безвременско значење не само за нејзините земји-членки, партнери и поддржувачи, туку и за сите луѓе, држави и заедници кои ја разбираат и веруваат во нејзината глобална улога како гарант на стабилноста и мирот денес и во иднина.

Многу нешта се кажани за НАТО, вклучително и сега од страна на говорниците пред мене. Многу работи во земјава се пишуваат и објавуваат секој ден, како поддршка или како критика, како одбрана, или како напад врз НАТО. Вие, како активни членови на Евроатлантскиот совет (ЕАС) го знаете ова и подобро од мене, бидејќи вие и граѓаните на земјата сте исклучително активно посветени на целта за што е можно побрзо пристапување кон Алијансата.

Неодамнешната посета на премиерот на седиштето на НАТО во Брисел претставуваше уште една потврда на намерата и посветеноста на земјата да продолжи да работи кон полноправното членство, како најважна стратешка цели. Таа посета беше јасен знак дека не постојат други алтернативи на членството во најмоќниот модерен систем за колективна безбедност.

Во таа смисла , јас само ќе го повторам она што ние сите го знаеме за НАТО а поточно она што оваа организација им го нуди на своите членки:
НАТО е политичко-воена алијанса за колективна безбедност кој ги решава најчестите проблеми на колективната безбедност со тоа што го обезбедува територијалниот интегритет и суверенитет на нејзините земји членки.
НАТО не е само сојуз на држави со заеднички вредносен систем кој се базира врз консенсуалното одлучување. НАТО е алијанса на целосно независни држави кои постојат и одлучуваат како такви, а не во услови на ограничен суверенитет.

Со дополнителните надворешно-политички гаранции за сите земји членки НАТО создава економски можности за зголемување на животниот стандард на граѓаните, бидејќи со добри политики членството овозможува евентуално привлекување на значителни нови инвестиции.

Откако целта за членство во НАТО ќе се постигне тоа веднаш овозможува поставување нови цели бидејќи самото членство открива нови можности и станува средство за нивна реализација.

Што НАТО не може да обезбеди?
НАТО не обезбедува и не може да обезбеди готови решенија или замена на националите решенија! НАТО не е замена за националната одговорност за владеењето на правото, за превласта на правото. Алијансата не ги штити земјите од терористи и шверцери. НАТО не може да биде оправдување за лошо владеење и не ги зајакнува националните институции.

Самото членство во НАТО нема да ги модернизира вооружените сили и нема да ги разреши можните конфликти помеѓу политичкото и военото раководство во Минстерството за одбрана. Овие се сите национални одлуки и национални заложби! Совети, поддршка, помош - да! Но одлуки во име на националните лидери - не! И тука сакам уште еднаш да го поздравам усвојувањето од страна на Владата на новиот долгорочен план за модернизација на АРМ 2014-2023. Јас сум длабоко убеден дека врз негова основа сега ќе се развие среднорочен четиригодишен инвестициски план, со чија реализација ќе се обезбедат потребните способности на АРМ. Ако тоа не се случи, можно е да се доведе во прашање не само обезбедувањето на потребните воени способности, туку исто така и постоењето на одредени структури на централната администрација, односно на Министерството за одбрана и Генералштабот и на некои делови од организациската, и оттука, на функционалната структура на АРМ.

Драги пријатели,
Тука, во оваа просторија, има многу млади луѓе, со многу од вас се знаеме од порано. Го гледам вашиот ентузијазам и посветеност на идејата за НАТО. Верувам, всушност знам, дека многу од вас во иднина ќе биде на национални и на меѓународни позиции во НАТО, во неговото седиште, во команди и комитети низ целата негова цивилна и воена структура.

Вие ќе бидете сведоци на, и учесници во нова фаза во развојот на Алијансата и ќе работате за НАТО заради континуирано модернизирање на колективниот безбедносен систем за кој, како што реков на почетокот, не постои алтернатива. Ова веројатно ќе развие многу поголеми способности.

Потенцијалот на земјите членки на НАТО како Алијанса е огромен! Тој е огромен во смисла на воени способности, во смисла на економскиот капацитет, и во смисла на учеството во политичкото одлучување. Способноста на НАТО да се развива под условите на денешницата лежи во принципите на неговото создавање!

Ви благодарам за поканата и да Ви го посакувам сиот успех!

 

Публикации

INTER