Говор на Исмет Рамадани, претседател, ЕАСМ
Почитуван заменик министер Лабеништа,
Почитувани екселенции,
Почитувани дами и господа,
Добредојдовте на традиционалното одбележување на денот на НАТО, 4 април организиран традиционално од Евро – Атлантскиот Совет на Македонија заедно со Министерството за одбрана на РМ и со поддршка од НАТО амбасадите и канцеларијата на НАТО во Скопје.
Ова е одлична можност да ги прошириме, збогатиме и понатаму да ја развиеме нашата одлучност на долгиот пат кон целосните евро – атлантски интеграции.
Минатата година, од овој настан пративме неколку пораки. И како само се менувааат нештата во една година, како на домашната така и на надворешната сцена.
Ние започнавме со нашите обврски во новата мисија Resolute Support во Авганистан и нашите војници, нашите амбасадори продолжуваат да го одржуваат високиот стандар на професионализам и посветеност.
15тиот МАП процес е успешно на пат и реформскиот процес продолжува да се движи константно.
Ова беше препознаено од генералниот секретар на НАТО, г-дин Јенс Столтенберг на заедничката прес конференција со премиерот во Брисел на 11ти Март.
Дозволете ми да ја искористам оваа прилика и да му честитам на министерот и сите претставници на министерството на одбрана за нивните достигнувања и особено за поддршката што му ја даваат на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија.
Исто така, на оваа прес конференција генералниот секретар на НАТО уредно ги нотираше и предизвиците за Република Македонија и ние ги споделуваме тие. Цитирам: “Ние исто така гледаме предизвици. Ние со загрижување ги следиме со скорашните политички случувања во Скопје. Прогресот на реформите зависи од ефективен демократски дијалог, пополнет со доверба во владеењето на правото и слободата на медиумите. Овие вредности се во срцето на евро – атлантската заедница. Ние сметаме на вас да обезбедите да тие бидат целосно почитувани”. Затварам цитат.
Актуелната состојба во Република Македонија која се карактеризира со политичка криза, посебно после аферата “прислушкување”, нас атлантистите од ЕАСМ не обврзува да апелираме до сите носители на политички функции сериозно да се однесуваат и да пристапат кон разрешување на истата. Како претенденти за членство во НАТО и ЕУ, и стратегиски партнери со САД, со кои интензивно соработуваме во процесот на евро – атлантските интеграции барам и овојпат да ни подадат рака и со нивен ангажман и медиаторство да ни помогнат да се извлечеме од оваа политичка криза. Никој нема право на граѓаните на Република Македонија да им ја загрозува перспективата силно декларирана за членство во НАТО и ЕУ.
На меѓународната сцена, денеска се соочуваме со ситуација која постојано се менува на безбедносната сцена во источна европа, средниот исток и северна африка. Големи предизвици лежат пред НАТО и со тоа и за нас. Како држава која се гледа како еднаква членка на Алијансата ние мора да имаме активен однос и да даваме поддршка колку што можеме.
Ние како Евро – Атлантски Совет на Македонија, ќе продолжиме да учествуваме со активен придонес на патот кон НАТО и ќе земеме уште поактивно учество во дневните активности во македонското општество. Јас сакам да го најавам големиот број на различни проекти кои доаѓаат со многу различни теми како младите, родова еднаквост, енергетска безбедност, бизнис секторот, регионална соработка, истражувачки проекти итн.
Сега, дозволете ми да го поканам заменик министерот за одбрана на Република Македонија, г-дин Арбен Лабеништа да се обрати.
Ви благодарам.
|