Еленовски во работна посета на Вашингтон Печати
Понеделник, 12 Март 2012 08:15

Лазар Еленовски, потпретседател на Светската Атлантска Асоцијација – АТА (Atlantic Treaty Association), ќе престојува во работна посета на Вашингтон во периодот 12-15 март 2012 година.

За време на работната посета, Еленовски ќе учествува на Состанокот на Бирото на Атлантската Асоцијација како нејзино највисоко тело. Состанокот на Бирото на АТА се одржува еднаш годишно и на него се разгледува долгорочната стратегија на светското атлантско движење и неговото дејствување на глобално ниво со 42-те членки од Северна Америка до Централна Азија.

Во рамки на посетата ќе се одржат средби со претставници на Белата Куќа, Пентагон, Стејт Департментот и експерти кои ја градат стратегијата на НАТО за Самитот во Чикаго, вклучително и концептот на smart defence.

На програмата се и средби со највлијателни американски тинк-тенкови како: Корпорацијата RAND, Фондацијата Хенри Кисинџер, Герман Маршал Фонд, Институтот за национални стратегиски студии при Националниот Универзитет за Одбрана (NDU), Центарот за американски прогрес како и во Атлантскиот Совет на САД.