Вести:
Tools
НАТО Студентска Симулација: НАТО во очи на Самитот во Варшава. 26-ти април 2016 година, ЕРА центар, Скопски саем, Скопје PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 21 Март 2016 10:00

eyes

Третата активност за месецот на НАТО 2016 година ќе биде шестата НАТО студентска симулација во земјата. Повторно традиционална активност на АТА Македонија, а особено интересна поради тоа што директно ја вклучува и анимира новата генерација студенти од универзитетите во Република Македонија кои студираат во оваа област. Симулацијата ќе биде одлична можност за да ги поттикне студентите да направат истражување за НАТО, клучните глобални прашања, националните позиции на земјите, како и да научат нешто повеќе за начинот на кој НАТО функционира. Ова е исто така добра прилика за здружување на младите капацитети во Атлантската мрежа. Приоритет на симулацијата е да создаде работна атмосфера колку што е можно верна на вистинска НАТО средба.

Како специјален гостин на симулацијата ќе биде претставник на НАТО кој ќе се обрати на студентите и официјално ќе го отвори настанот. Претставник на АТА - Претседателот на YATA, кој е со искуство во одржување на симулации, ќе биде поканет да ја игра улогата на генералниот секретар на НАТО и со тоа да ја олесни и да управува со симулација. Така, тоа ќе биде можност да се има неутрален претставник. Исто така, ќе има и претседавачи, како и национални делегации од секоја земја-членка на НАТО.

Студентите ќе треба да се однесуваат како и во реалниот живот на политиката, да ги знаат позициите на земјите кои ги претставуваат, да реагираат, да отвораат дискусија, да приговараат или да предлагаат и да даваат препораки во однос на конечната декларација. АТА Македонија ќе објави брошура со сите заклучоци кои ќе бидат испорачани до сите државни и недржавни актери. Покрај тоа, настанот ќе биде емитуван во живо како и претходните настани на АТА Македонија.

 

Публикации

simulacija5